Зошто ВФП Дивиденда Акции?

9

+ Милиони евра инвестирани средства

560

+ Клиенти инвеститори

37

+ Години Австриски Know-How

* Бројките се однесуваат на податоци од 31.03.2024

Во процесот на управување со средствата Друштвото го применува долгогодишното искуство со кое располага WVP Групацијата од Австрија.

ВФП Дивиденда Акции – отворен инвестициски фонд, основан со одобрение од Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија со Решение број УП1 08-117 од 29.12.2020 година.

ВФП Дивиденда Акции е вистинскиот фонд за Вас доколку сакате да остварите атрактивен принос преку искористување на глобалниот раст на светската економија, особено на најразвиените економии во светот како САД, ЕУ и Велика Британија. ВФП Дивиденда Акции е првиот отворен инвестициски фонд во Македонија кој ќе исплаќа дел од добивката како дивиденда на инвеститорите во фондот. Преку инвестирање во ВФП Дивиденда Акции може да очекувате зголемување на сопствениот капитал со искористување на:

  • Континуираниот развој и иновативност на светски брзорастечки корпорации кои ја дефинираат иднината и „Dividend stocks“ компании кои исплаќаат високи дивиденди и кои ѝво периоди на намалена економска активност остваруваат позитивни резултати од работењето;
  • Остварување на приходи од исплата на дивиденда од фондот;
  • Професионалното управување на средствата на фондот;
  • Можноста да го намалите пазарниот ризик од купување акции (вложување на берза) без соодветно знаење;
  • Можноста да станат индиректни акционери во странски познати компании;
  • Атрактивен принос со умерен ризик;
  • Автоматското реинвестирање на добивката;
  • Намалените трошоци за управување со средствата;
  • Диверзификацијата на портфолиото по земји, валути и инструменти;
  • Можноста за следење (преку веб-апликацијата) и достапност на вложените средства во секој момент;
  • Експертизата и имиџот кој го има изградено Друштвото за управување;

За кого е наменет?

Совршен е за:

  • инвеститори кои кога инвестираат сакаат годишно да го почувствуваат бенефитот од тоа да се биде инвеститор преку добивање на дивиденда од направената инвестиција
  • инвеститори кои сакаат да имаат дополнителен извор на пасивни приливи
  • инвеститори кои имаат инвестициски период над 10 години,
  • инвеститори кои се спремни да преземат високо ниво на ризик.

Ризик

Стратегијата според која се гради портфолиото на Фондот ВФП Дивиденда Акции содржи високо ниво на ризик, коj е повисок од ризикот карактеристичен за паричните фондови или пак за фондовите кои инвестираат исклучиво во должнички хартии од вредност (обврзници), но во исто време е понизок од ризикот на оние фондови кои исклучиво инвестираат во акции од mid-cap, small- cap или start up компании. Пресметката на категоријата на ризичност се заснова на историското движење на цената на уделите и нето-вредноста на имотот на Фондот од почетокот на постоење.

Тип на ризик Степен на влијание
ВФП Дивиденда Акции
Пазарен (Промена на:)
цени на хартиите висок
каматните стапки низок
девизните курсеви среден
ликвидносен ризик низок
Кредитен ризик низок
Политички ризик низок
Промена на доночни прописи низок
Ризик од друга договорна страна низок
Оперативен ризик среден
Ризик поврзан со чување на имотот на фондот низок

Пазарен ризик – Зависи од движењето на пазарните цени на хартиите од вредност кои се составен дел на портфолиото на Фондот.

Кредитен ризик – Веројатност дека издавачот на одредена хартија од вредност нема да биде во состојба, во целост или делумно, да ги подмири своите обврски во моментот кога тие ќе доспеат.

Каматен ризик – Промената на каматните стапки може позитивно или негативно да се одрази на вредноста на средствата на Фондот, бидејќи поголемиот дел од средствата ќе бидат инвестирани во должнички хартии од вредност и депозити во овластени банки во Р. С. Македонија.

Валутен ризик – се јавува при промената на цената на една валута во однос на друга.

Ликвиден ризик – Веројатност дека Фондот во одреден момент ќе има потешкотии при изнаоѓање на средства за да ги подмири обврските поврзани со повлекување на удели од Фондот како резултат на неможноста брзо да се продадат финансиските средства по цена приближно  еднаква  на  нивната  реална  вредност, пред  сé поради  моменталната  неповолна побарувачка на пазарот.

Политички ризик – Веројатност од евентуални политички кризи во земјите во коишто инвестирал Фондот согласно овој Проспект, може да доведе до промена на имотот на Фондот.

Ризик од промена на даночните прописи – Веројатност дека законодавната власт, во Република Македонија или во странство, ќе ги промени даночните прописи на начин кој негативно би влијаел на приносот на Фондот.

Оперативен ризик  – ги сумираат сите неизвесноти кои се составен дел од секојдневните деловни активности на Друштвото. Истите може да произлезат од пропусти во внатрешните процеси, човечки., информатички, правни и системски грешки.

Meta Platforms Inc 3.56%
Mitsubishi Corp 3.26%
Apple Inc 3.21%
Novo Nordisk A/S 3.16%
Microsoft Corp 3.11%
Unilever PLC 2.96%
Roche Holding AG 2.81%
Allianz SE 2.69%
Vertex Pharmaceuticals Inc 2.53%
ING Groep NV 2.52%

*Бројките се однесуваат на 31.03.2024 година

За да станете инвеститор во фондот ВФП Дивиденда Акции треба да:

  1. Попoлнувате барање за купување удели во ВФП Дивиденда Акции. Во зависност со кој износ и каков план на инвестирање сте се определиле со помош на нашите овластени агенти, ја одредувате висината на сумата за инвестирање, времетраењето и динамиката на уплата на вашата инвестиција;
  2. Откако ќе ја добиеме комплетираната документација од Ваша страна, Ви праќаме инструкции за уплата на средствата во Фондот. Уплата на средствата може да се врши само преку банка;
  3. Првиот работен ден откога ќе ги добиеме вашите вложени средства, ВФП Фонд Менаџмент АД Скопје ви издава „Потврда за купување удели“и ќе ви ја испрати на e-mail адресата наведена во Пристапницата.  Оваа потврда е доказ за сопственоста на Вашите удели во фондот ВФП Дивиденда Акции;
  4. Истиот ден добивате корисничко име и лозинка со инструкции за активирање на вашиот личен инвеститорски профил. Ова е најсовремена и единствена можност инвеститорите на ВФП Фонд менаџмент, во секое време преку Интернет да можат да ја следат состојбата на уделите и да имаат увид на сите трансакции направени во ВФП Фонд менаџмент. Со оваа веб-апликација сакаме уште повеќе да ја зацврстиме нашата мисија – да бидеме најтранспаренти кон нашите инвеститори и да им нудиме иновативни услуги за остварување на нивните финансиските цели.
  5. За откуп на дел или сите удели од фондот, потребно ви е само да ни испратите пополнето барање за откуп на удели, кое може да го симнете од нашата веб-страница или да го побарате од вашиот личен агент.

Проспект

Документ со клучни информации за инвеститорот

Статут

 

Одлука за определување датум за исплата и износ на исплата на дивиденда на сопствениците на удели за 2022 година

Одлука за определување датум за исплата и износ на исплата на дивиденда на сопствениците на удели за 2021 година