ВФП Фонд менаџмент АД Скопје, Друштво за управување со отворени инвестициски фондови, е дел од групацијата за финансиско советување WVP Group од Грац, Австрија.

WVP како групација е пионер во полето на напредни финансиски услуги, застапена на просторот на цела Источна Европа. Основана во 1985 година во Грац, Австрија, својата иновативност ја промовира и надвор од границите на Австрија каде што прераснува во препознатлив бренд со докажана доверба. WVP Group е лидер во посредување и продажба на осигурителни и финансиски продукти во 15 земји во Централна и Југоисточна Европа со повеќе од 30 години искуство. 

Приказната на WVP Group во Република Македонија почнува во 2005 година преку Осигурително брокерското Друштво ВФП АД Скопје.

ВФП АД Скопје е лидер на пазарот на животни осигурувања во Република Македонија. Друштвото има над 90 брокери, а воедно во 2017 година има најзначајно учество во вкупно направените полиси за животно осигурување во Република Македонија .

Успехот на оваа компанија претставуваше основа за почетокот на ВФП Фонд менаџмент АД Скопје во 2014 година.

Нашата сигурност за успехот на ВФП Фонд менаџмент АД Скопје се базира на професионалните агенти на WVP Group во Македонија и во државите каде што е присутна нашата групација како и на 30-годишното искуството на менаџментот во инвестирање на светските берзи (WVP Invest, затворениот фонд во Австрија, од 1996 до 2014 година има просечен годишен принос од 7%).