Зошто ВФП Кеш Депозит?

16

+ Милиони евра
инвестирани средства

1633

+ Клиенти инвеститори

35

+ Години Австриски Know-How

* Бројките се однесуваат на податоци од 12.10.2021

ВФП КЕШ ДЕПОЗИТ – отворен инвестициски фонд, основан со одобрение од Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија со Решение број УП 1 08-95 од 18.11.2014 година.

Како инвеститори во Фондот може да се јават сите домашни и странски, правни и физички лица како и специфични финансиски институции, кои имаат цел да менаџираат со својата тековна или среднорочна ликвидност.

Главни мотиви за инвеститорите во Фондот се:

  • Атрактивен принос во однос на ависта камата во банките во Р.М.
  • Одлична алтернатива на краткорочни депозити во банките во Р.М.
  • Диверзификација на портфолиото во повеќе сигурни финансиски инструменти;
  • Средствата се исплаќаат на Вашата трансакциска сметка еден ден по поднесување на барањето за откуп без никаква провизија за повлекување на средствата.
  • Пресметка на принос на дневно ниво;
  • Транспарентно следење (преку веб-апликацијата) и достапност на вложените средства во секој момент.

За кого е наменет?

Според инвестициската стратегија, Фондот е првенствено наменет за инвеститори што не сакаат своите средства да ги изложат на висок ризик, ценовни осцилации и кои во релативно пократки рокови сакаат да остварат атрактивен принос на своите средства.

Фондот е совршен за:

  • конзервативни инвеститори што претпочитаат средствата да им се примарно пласирани во банки, бидејќи најголем дел од средствата од овој фонд се пласирани во депозити на домашни банки.
  • правни лица, кои сакаат да остварат повисок принос од приносот на трансакциска сметка на ликвидните средства што им се потребни за краток период.
  • сите физички лица, имајќи предвид дека секој човек првично има потреба од ликвидни и стабилни средства.

 

Ризик

Инвестициската политика според која се гради портфолиото на Фондот ВФП Кеш депозит содржи ниско ниво на ризик, карактеристично за паричните фондови. Пресметката на категоријата на ризичност се заснова на историското движење на цената на уделите и на нето-вредноста на имотот на фондот од почетокот на постоењето.

Тип на ризик Степен на влијание
ВФП Кеш Депозит
Пазарен (Промена на:)
цени на хартиите среден
каматните стапки среден
девизните курсеви низок
ликвидносен ризик низок
Кредитен ризик низок
Политички ризик низок
Промена на доночни прописи низок
Ризик од друга договорна страна низок
Оперативен ризик среден
Ризик поврзан со чување на имотот на фондот низок

Пазарен ризик – Зависи од движењето на пазарните цени на хартиите од вредност кои се составен дел на портфолиото на Фондот.

Кредитен ризик – Веројатност дека издавачот на одредена хартија од вредност нема да биде во состојба, во целост или делумно, да ги подмири своите обврски во моментот кога тие ќе доспеат.

Каматен ризик – Промената на каматните стапки може позитивно или негативно да се одрази на вредноста на средствата на Фондот, бидејќи поголемиот дел од средствата ќе бидат инвестирани во должнички хартии од вредност и депозити во овластени банки во Р. С. Македонија.

Валутен ризик – се јавува при промената на цената на една валута во однос на друга.

Ликвиден ризик – Веројатност дека Фондот во одреден момент ќе има потешкотии при изнаоѓање на средства за да ги подмири обврските поврзани со повлекување на удели од Фондот како резултат на неможноста брзо да се продадат финансиските средства по цена приближно  еднаква  на  нивната  реална  вредност, пред  сé поради  моменталната  неповолна побарувачка на пазарот.

Политички ризик – Веројатност од евентуални политички кризи во земјите во коишто инвестирал Фондот согласно овој Проспект, може да доведе до промена на имотот на Фондот.

Ризик од промена на даночните прописи – Веројатност дека законодавната власт, во Република Македонија или во странство, ќе ги промени даночните прописи на начин кој негативно би влијаел на приносот на Фондот.

Оперативен ризик  – ги сумираат сите неизвесноти кои се составен дел од секојдневните деловни активности на Друштвото. Истите може да произлезат од пропусти во внатрешните процеси, човечки., информатички, правни и системски грешки.

Овде можете да ги најдете сите финансиски и ревизорски извештаи за ВФП Кеш Депозит о.ф.

За да станете инвеститор во фондот ВФП Кеш Депозит треба да:

  1. Пополнувате и потпишувате пристапница во ВФП Кеш Депозит;
  2. Откако ќе ја добиеме комплетираната документација од ваша страна, Ви праќаме инструкции за уплата на средствата во Фондот. Уплата на средствата може да се врши само преку банка;
  3. Првиот работен ден откако ќе ги добиеме вашите вложени средства, ВФП Фонд менаџмент АД Скопје ви издава „Потврда за купување удели“ и ќе ви ја испрати на e-mail адресата наведена во Пристапницата. Оваа потврда е доказ за сопственоста на вашите удели во фондот ВФП Кеш депозит;
  4. Истиот ден добивате корисничко име и лозинка со инструкции за активирање на вашиот личен инвеститорски профил. Ова е најсовремена и единствена можност инвеститорите на ВФП Фонд менаџмент, во секое време преку Интернет да можат да ја следат состојбата на уделите и да имаат увид на сите трансакции направени во ВФП Фонд менаџмент. Со оваа веб- апликацја, сакаме уште повеќе да ја зацврстиме нашата мисија – да бидеме најтранспаренти кон нашите инвеститори и да им нудиме иновативни услуги за остварување на нивните финансиските цели.
  5. За откуп на дел или на сите удели од фондот, потребно ви е само да ни испратите пополнето барање за откуп на удели, кое може да го симнете на нашата веб-страница или да го побарате од вашиот личен агент.

Проспект

Документ со клучни информации за инвеститорот

Статут

или оставете ни ваши контакт податоци и ние ќе Ве контактираме за да закажете бесплатна средба со наш соработник: