Инвестициските фондови претставуваат одлична можност за вложување на Вашите парични средства, каде што Вие како инвеститор ги доверувате своите пари на специјализирани институции – Друштва за управување со инвестициски фондови.

Фондовите претставуваат колективно вложување т.е. професионална управувана форма на инвестирање, која се заснова со цел здружување на Вашите средствата и средствата на преостанатите инвеститори, кои потоа се вложуваат на пазарот на капитал.

Отворените инвестициски фондови поради нискиот праг на минимални уплати се достапни и наменети и за инвеститори со помали парични средства.

Инвестициските фондови Ви овозможуваат на Вам, како мали инвеститори, да ги искористите сите придобивки од инвестирањето во различни држави, сектори, валути и инструменти што им се достапни на луѓето во светот.

Вие како потенцијален инвеститор преку уплаќање на парични средства стекнувате сопственост над удели во одбраниот фонд.

Вашите средства и средствата на преостанатите инвеститори се одвоени од средствата на Друштвото што управува со Фондот. Односно, Фондот е во сопственост на имателите на удели.

Вредноста на уделот секојдневно варира и исклучиво зависи од промената на вредноста (цената) на хартиите од вредност што се наоѓаат во портфолиото на Фондот. По закон, секојдневно се вреднува уделот со цел обезбедување транспарентност и ликвидност пред инвеститорите.

Вие како сопственици на удели имате право на сразмерен дел од добивката на Фондот, како и во секое време да побарате исплата на уделот и на тој начин да истапите од Фондот. Друштвото е должно да изврши исплата на средствата за откупените удели од фондот најдоцна 7 (седум) календарски дена по приемот на Барањето за откуп. Практиката на Друштвото е исплатата на средства по прием на Барањето за откуп да го изврши следниот работен ден.

Во светот се познати 4 вида фондови според поделбата по вид на инструменти во кои генерално се инвестирани парите на инвеститорите: акциски, обврзнички, парични и балансирани фондови.

Дознајте како средствата се инвестираат во секој од овие типови фондови:

Сакате да дознаете повеќе за светот на инвестирањето?