Зошто ВФП 100% Бонд?
+ Милиони евра
инвестирани средства
+ Клиенти инвеститори
+ Години Австриски Know-How
* Бројките се однесуваат на податоци од 12.10.2021
ВФП 100% БОНД – отворен инвестициски фонд, основан со одобрение од Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија со Решение број УП 1 08-80 од 16.12.2016 година.
Според инвестициската стратегија, фондот е првенствено наменет за инвеститори што не сакаат своите средства да ги изложат на висок ризик и кои на среден рок сакаат да остварат атрактивен принос на своите средства.
Поголем дел од средствата на Фондот се инвестираат во државни и корпоративни обврзници на Р. Македонија, земји-членки на ЕУ, ОЕЦД и ЦЕФТА, како и во депозити на овластени банки во Р. Македонија.
Главни мотиви за инвеститорите во фондот се:
- Можност за изложеност на средствата на инвеститорите во финансиски инструменти надвор од Р. Македонија – географска дисперзија;
- Атрактивен принос во однос на депозити со девизна клаузула во банките во Р. Македонија;
- Диверзификација на портфолиото во повеќе финансиски инструменти со умерен ризик;
- Ликвидност на средствата;
- Професионалното управување на средствата на фондот;
- Автоматското реинвестирање на добивката;
- Можноста за следење (преку веб-апликацијата) и достапност на вложените средства во секој момент.
За кого е наменет?
Фондот е оптимален за:
- инвеститорите што претпочитаат понизок ризик од ВФП Премиум инвест
- за инвеститори што имаат намера да ги искористат средствата за остварување на сопствени цели за пократко од 10 години, а подолго од 1 година.
- за постари и поконзервативни инвеститори.
Ризик
Инвестициската политика според која се гради портфолиото на Фондот ВФП 100% Бонд содржи умерено ниво на ризик, кое е повисоко од ризикот карактеристичен за паричните фондови, а во исто време е понизок од ризикот на фондовите што вложуваат во акции.
Овде можете да ги најдете сите финансиски и ревизорски извештаи за ВФП 100% Бонд о.ф.
За да станете инвеститор во фондот ВФП 100% Бонд треба да:
Пополнувате и потпишувате пристапница во ВФП 100% Бонд;
- Попoлнувате барање за купување на удели во ВФП 100% Бонд. Во зависност со кој износ и каков план на инвестирање сте се определиле со помош на нашите овластени агенти, ја одредувате висината на сумата за инвестирање, времетраењето и динамиката на уплата на вашата инвестиција;
- Откако ќе ја добиеме комплетираната документација од Ваша страна, Ви праќаме инструкции за уплата на средствата во Фондот. Уплата на средствата може да се врши само преку банка;
- Првиот работен ден откога ќе ги добиеме вашите вложени средства, ВФП Фонд менаџмент АД Скопје ви издава потврда за купување уделии ќе ви ја испрати на e-mail адресата наведена во пристапницата. Ова Потврда е доказ за сопственоста на Вашите удели во фондот ВФП 100% Бонд;
- Истиот ден добивате „корисничко име„ и „лозинка„ со инструкции за активирање на вашиот личен инвеститорски профил. Ова е најсовремена и единствена можност инвеститорите на ВФП Фонд Менаџмент, во секое време преку Интернет да можат да ја следат состојбата на уделите и да имаат увид на сите трансакции направени во ВФП Фонд менаџмент. Со ова веб-апликацја, сакаме уште повеќе да ја зацврстиме нашата мисија – да бидеме најтранспаренти кон нашите инвеститори и да им нудиме иновативни услуги за остварување на нивните финансиските цели.
- За откуп на дел или сите удели од фондот, потребно ви е само да ни испратите пополнето барање за откуп на удели, која можете да ја симнете на нашата веб-страница или да го побарате од вашиот личен агент.
или оставете ни Ваши контакт податоци и ние ќе Ве контактираме за да закажете бесплатна средба со наш соработник: