Објавено на 15.02.2019

Каматните стапки на вкупните депозити во последниве неколку години во Македонија бележат тренд на намалување, според податоците на НБРМ. Но, и покрај овој факт нивото на депозити  на домаќинствата во домашните банки е во постојан пораст.

Многумина велат дека овој раст произлегува од веќе стекнатата навика на луѓето за штедење, нивната неподготвеноста за други форми на инвестирање, како и ограничениот број на инвестициски можности во Македонија. Но, дали е тоа навистина така?

Факт е дека на пример, за да започнете да инвестирате на Македонската Берза потребно Ви е одредено  познавање на начинот на функционирање на финансиските пазари. Или можете да започнете да инвестирате во недвижнини, но секако за ова се потребни релативно поголеми суми на пари. Имајќи го ова во предвид, што може да направите во однос на инвестирање со вашите заработени пари?

Во минатата декада во Македонија е забележана појава на нови финансиски институции кои значително го олеснуваат инвестирањето. Иако како концепт влечат корени од 19-тиот век, во својата современа форма инвестициските фондови прв пат се појавуваат во почетокот на 20-тиот век во САД. Долгиот период на постоење на овие фондови е доказ за нивниот потенцијал да го зголемуваат богатството на своите инвеститори.

ВФП Фонд Менаџмент е друштво за управување со инвестициски фондови. Во своето портфолио друштвото управува со 3 различни фондови, кои се разликуваат според инструментите во кои вложуваат. Така, ВФП Премиум Инвест фондот инвестира доминантно во акции на висококвалитетни интернационални корпорации, ВФП 100% Бонд инвестира доминантно во обврзници и ВФП Кеш Депозит инвестира доминантно во депозити од домашните банки. Секој од овие фондови носи различен очекуван принос кој меѓу другото зависи и од ризикот на самиот фонд.

Друштвото заклучно со 10.01.2019 година управува со над 24 милиони евра во овие 3 фондови, додека пак ВФП Премиум Инвест фондот е најголемиот акциски фонд во Македонија со над 12 милиони евра инвестирани од страна на 2.062 клиенти.

Во Македонија има многу голем простор за подобрување на потрошувачките навики на луѓето.
Наша желба во оваа 2019-та година е да поттикнеме промена во начинот на размислување на луѓето околу нивната финансиска дисциплина, финансиски навики и планирање на нивниот буџет.

За таа цел нудиме бесплатна консултација од нашите агенти, кои ќе Ви одговорат на секое Ваше прашање и ќе Ви објаснат како преку програмираните уплати може значително да си ги зголемите Вашите заштеди со минимален труд.

За повеќе информации околу инвестициските фондови и нивните предности јавете се на бројот
02 3 100 535 или контактирајте не на contact@wvpfondovi.mk