Зошто ВФП Премиум Инвест?

40

+ Милиони евра<br> инвестирани средства

5400

+ Клиенти инвеститори

36

+ Години Австриски Know-How

* Бројките се однесуваат на податоци од 15.08.2022

Во процесот на управување со средствата Друштвото го применува долгогодишното искуство со кое располага WVP Групацијата, особено инвестициската политика на вложување на затворениот инвестициски фонд WVP Invest од Австрија.

ВФП ПРЕМИУМ ИНВЕСТ – отворен инвестициски фонд, основан со одобрение од Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија со Решение број УП 1 08-95 од 18.11.2014 година.

ВФП Премиум инвест е вистинскиот фонд за Вас доколку сакате да остварите атрактивен принос преку искористување на глобалниот раст на светската економија, особено на најразвиените економии во светот како САД, Германија и Швајцарија. Преку инвестирање во ВФП Премиум инвест може да очекувате зголемување на сопствениот капитал со искористување на:

  • Континуираниот развој и иновативност на познати светски корпорации т.н. „Blue chips“ компании и „Dividend stocks“ компании што исплаќаат високи дивиденди и остваруваат  позитивни резултати од работењето дури и во периоди на намалена економска активност;
  • Можноста да станете индиректни акционери во странски познати компании како што се Apple, BMW, Daimler, Nestle, L’Oreal, Amazon и др.;
  • Диверзификацијата на портфолиото по земји, валути и инструменти;
  • Професионалното управување на средствата на фондот;
  • Можноста да го намалите пазарниот ризик од купување акции (вложување на берза) без соодветно знаење;
  • Атрактивен принос со умерен ризик;
  • Автоматското реинвестирање на добивката;
  • Намалените трошоци за управување со средствата;
  • Можноста за следење (преку веб-апликацијата) и достапност на вложените средства во секој момент;

Заклучно со 23.03.2022 ВФП Премиум Инвест претставува најголем акциски фонд во Република Македонија.

За кого е наменет?

Совршен е за:

  • инвеститори со стабилни приходи,
  • инвеститори што имаат инвестициски период над 10 години,
  • помлади луѓе,
  • инвеститори што се спремни да преземат средно до повисоко ниво на ризик.

Ризик

Стратегијата според која се гради портфолиото на Фондот ВФП ПРЕМИУМ ИНВЕСТ содржи високо ниво на ризик, кое е повисоко од ризикот карактеристичен за паричните фондови или пак за фондовите што инвестираат исклучиво во должнички хартии од вредност (обврзници), но во исто време е понизок од ризикот на оние фондови што исклучиво инвестираат во акции од мали и средни компании или од компании од држави во развој. Пресметката на категоријата на ризичност се заснова на историското движење на цената на уделите и нето-вредноста на имотот на Фондот од почетокот на постоење.

Тип на ризик Степен на влијание
ВФП Премиум Инвест
Пазарен (Промена на:)
цени на хартиите висок
каматните стапки низок
девизните курсеви среден
ликвидносен ризик низок
Кредитен ризик низок
Политички ризик низок
Промена на доночни прописи низок
Ризик од друга договорна страна низок
Оперативен ризик среден
Ризик поврзан со чување на имотот на фондот низок

Пазарен ризик – Зависи од движењето на пазарните цени на хартиите од вредност кои се составен дел на портфолиото на Фондот.

Кредитен ризик – Веројатност дека издавачот на одредена хартија од вредност нема да биде во состојба, во целост или делумно, да ги подмири своите обврски во моментот кога тие ќе доспеат.

Каматен ризик – Промената на каматните стапки може позитивно или негативно да се одрази на вредноста на средствата на Фондот, бидејќи поголемиот дел од средствата ќе бидат инвестирани во должнички хартии од вредност и депозити во овластени банки во Р. С. Македонија.

Валутен ризик – се јавува при промената на цената на една валута во однос на друга.

Ликвиден ризик – Веројатност дека Фондот во одреден момент ќе има потешкотии при изнаоѓање на средства за да ги подмири обврските поврзани со повлекување на удели од Фондот како резултат на неможноста брзо да се продадат финансиските средства по цена приближно  еднаква  на  нивната  реална  вредност, пред  сé поради  моменталната  неповолна побарувачка на пазарот.

Политички ризик – Веројатност од евентуални политички кризи во земјите во коишто инвестирал Фондот согласно овој Проспект, може да доведе до промена на имотот на Фондот.

Ризик од промена на даночните прописи – Веројатност дека законодавната власт, во Република Македонија или во странство, ќе ги промени даночните прописи на начин кој негативно би влијаел на приносот на Фондот.

Оперативен ризик  – ги сумираат сите неизвесноти кои се составен дел од секојдневните деловни активности на Друштвото. Истите може да произлезат од пропусти во внатрешните процеси, човечки., информатички, правни и системски грешки.

LVMH Moet Hennessy Louis Vuitton SA 4.10%
ASML Holding N 3.65%
Nestle 3.37%
Linde PLC 3.04%
Novo Nordisk A/S 2.97%
Apple Inc 2.56%
Roche Holding 2.56%
UnitedHealth Group Inc 2.33%
SAP SE 2.25%
Microsoft Corp 2.20%

*Бројките се однесуваат на 15.08.2022 година

Овде можете да ги најдете сите финансиски и ревизорски извештаи за ВФП Премиум Инвест о.ф.

За да станете инвеститор во фондот ВФП Премиум инвест треба да:

  1. Попoлнувате барање за купување удели во ВФП Премиум инвест. Во зависност со кој износ и каков план на инвестирање сте се определиле со помош на нашите овластени агенти, ја одредувате висината на сумата за инвестирање, времетраењето и динамиката на уплата на вашата инвестиција;
  2. Откако ќе ја добиеме комплетираната документација од Ваша страна, Ви праќаме инструкции за уплата на средствата во Фондот. Уплата на средствата може да се врши само преку банка;
  3. Првиот работен ден откога ќе ги добиеме вашите вложени средства, ВФП Фонд менаџмент АД Скопје ви издава „Потврда за купување удели“и ќе ви ја испрати на e-mail адресата наведена во Пристапницата.  Оваа потврда е доказ за сопственоста на Вашите удели во фондот ВФП Премиум инвест;
  4. Истиот ден добивате корисничко име и лозинка со инструкции за активирање на вашиот личен инвеститорски профил. Ова е најсовремена и единствена можност инвеститорите на ВФП Фонд менаџмент, во секое време преку Интернет да можат да ја следат состојбата на уделите и да имаат увид на сите трансакции направени во ВФП Фонд менаџмент. Со оваа веб-апликација сакаме уште повеќе да ја зацврстиме нашата мисија – да бидеме најтранспаренти кон нашите инвеститори и да им нудиме иновативни услуги за остварување на нивните финансиските цели.
  5. За откуп на дел или сите удели од фондот, потребно ви е само да ни испратите пополнето барање за откуп на удели, кое може да го симнете од нашата веб-страница или да го побарате од вашиот личен агент.

Проспект

Документ со клучни информации за инвеститорот

Статут

 

или оставете ни ваши контакт податоци и ние ќе Ве контактираме за да закажете бесплатна средба со наш соработник: