Објавено на 20.12.2020

Home Depot e најголемата светска компанија за малопродажба на производи за подобрување на домовите, со повеќе од 2.200 продавници во САД, Канада, Мексико и Кина. Како што кажува и нејзиното име, продавниците на компанијата содржат секакви производи кои ќе им помогнат на клиентите да го изградат, одржуваат и подобруваат својот дом.

Home Depot e насочена кон “направи сам” (DIY) и професионалните пазари со околу 40.000 производи, вклучувајќи граѓа, подови, материјали за водовод, градинарски производи, алати, боја и апарати. Таа исто така нуди и услуги за инсталација на плакари и други производи.