Објавено на 20.12.2020

Royal Dutch Shell е холандска компанија за нафта и гас основана во 1907 година. Таа е една од примарните компании во оваа индустрија, или така наречени “supermajors”, и има оперативни работи во над 70 држави.

Shell е активна во секој сегмент од индустријата на нафта и гас, вклучувајќи истражување и производство, рафинирање, транспорт, дистрибуција и маркетинг, петтрохемиски производи, производство на електрична енергија и трговија. Познати се нејзините високо квалитетни горива Shell V-Power и Shell Super 95. Компанијата исто така работи и со обновлива енергија, како биогорива, ветер, energy-kite системи и водород.