Објавено на 20.12.2020

Lloyds Banking Group PLC, поранешна Lloyds TSB Group, е британска компанија која нуди низа банкарски и финансиски услуги во Велика Британија и ограничен број на локации надвор од државата.

Компанијата работи преку три сегменти: малопродажба, комерцијално банкарство и осигурување и инвестиции. Во малопродажбата, LLoyds првенствено работи со хипотеки, кредитни картички и тековни сметки и преку брендови како што се Lloyds TSB, Halifax и Bank of Scotland. Комерцијалното банкарство обезбедува заеми, транакции и управување со обртни средства. Во осигурувањето компанијата нуди осигурување на живот и имот, како и пензиски решенија и услуги за управување со средствата.