Објавено на 20.12.2020

Kering e втора најголема компанија во светот за луксузни производи по LVMH.

Водечки бренд на Kering е Gucci кој е еден од најскапите во светот и кој стана светски познат по своите чанти со рачки од бамбус. Покрај Gucci, компанијата поседува и голем број на други врвни модни брендови како што се Yves Saint Laurent, Balenciaga, Bottega Veneta, Stella McCartney и Alexandar McQueen. Од lifestyle секторот се брендовите Volcom и Cobra, a Kering е исто така голем акционер во Puma. Компанијата е со седиште во Париз, Франција.