Објавено на 20.12.2020

Danone SA е француска мултинационална компанија за производство на здрава исхрана и пијалоци, која дејствува преку четири различни деловни активности: Исхрана за бебиња, Есенцијални млечни производи, Производи од растително потекло и Вода.

Со својата акција ‘One Planet. One Health’, во чии основи е тврдењето дека здравјето на човекот и планетата се поврзани, компанијата има за цел да инспирира поздрави и поодржливи навики за јадење. Производите на Danone се продаваат на повеќе од 120 пазари и нивното портфолио вклучува водечки интернационални брендови како Actimel, Activia, Danio, Danonino, evian, Nutricia и други.