Царини и нивниот ефект – Дали е добра можност за инвестирање?

Царини – што се и зошто се поставуваат? 

Во последниот период, една од најдискутираните теми во глобалната економија се царините кои ги поставија САД. Царините претставуваат дополнителни давачки на увозот на производи од странство и често се користат како алатка за заштита на домашното производство. Имплементирањето на царините од страна на САД кон државите од светот, предизвика голема неизвесност и паника кај инвеститорите за идните насоки и движења на светските економските текови.   

Иако можат да имаат позитивен ефект врз домашните производители, царините често носат ризици: повисоки цени за потрошувачите, притисок врз инфлацијата и можен пад на економската активност. 

 

Како царините влијаат врз цените и економската стабилност? 

Поставувањето на царините би можеле да очекуваме дека ќе влијаат производите увезени од странство да бидат поскапи, а од друга поголемата побарувачка на домашните производи би се очекувало да влијае врз зголемување на нивните цени, што исто така би можело да влијае негативно врз инфлацијата, економскиот раст како и врз очекувањата за движењето на каматните стапки. 

Иако поставувањето на царини се очекува глобално да влијае врз намалување на економска ефикасност, како и постои значаен ризик за поставување на царини од другите држави кон САД, во овој момент значајно е да направиме анализа на можностите кои пазарот на капитал ги нуди, бидејќи вообичаено во големи падови поради големиот фокус на негативните ефекти, реакциите на пазарите на капитал се преемотивни и во голема мера се занемаруваат позитивните можности. 

Во овој момент САД има поставено значајни царини, од кои меѓу најзначајните би можеле да ја одвоиме поставената царина кон Кина. Кина е држава со која САД има најголем трговски дефицит. Поставената вкупна царина кон Кина изнесува 104%. 

 

Како царините влијаат врз компаниите? 

Царините директно ги погодуваат компаниите кои: 

– Произведуваат во една земја, а продаваат во друга; 

– Имаат глобални синџири на снабдување; 

– Се изложени на промени во цените на суровини и логистика. 

 

Се разбира секоја компанија во нашето портфолио е засебна со различна структура на приходи од различни држави, но со цел информативно прикажување на ефектот на царините, за пример ќе ги земеме компаниите Microsoft Corp и LVMH Moet Hennessy Louis Vuitton SE.  

 

*Во следниот дел од текстот ќе разгледаме два примери, за кои би сакале да напоменеме дека наведените анализи немаат карактеристика на совет за вложување во компаниите кои се дел од текстот, туку служат за пример и се од информативен карактер. Двете компании кои ги споменуваме се дел од некои од нашите акциски портфолија, но никогаш не би предложиле вложување во само една или во само неколку компании. Доколку се одлучите да вложите самостојно, потребно е да направите самостојна анализа. 

 

Пример: Microsoft Corp (САД) 

Доколку направиме анализа на една компанија од Америка, како на пример Microsoft Corp можеме да забележиме дека според податоците од Eikon Refinitiv, 50,87% од приходите на Microsoft Corp се остваруваат во САД 

Бидејќи компаниите не објавуваат детални податоци за производствените трошоци, ќе претпоставиме дека 50% од сите производи и услуги наменети за САД се произведуваат во Кина, која се соочува со едни од највисоките царини од САД. 

Со оглед дека 50,87% од приходите на Microsoft се остваруваат во САД, претпоставуваме дека истиот процент од трошоците за производство се однесува на производи и услуги наменети за американскиот пазар. Доколку на тие 50,87% од вкупните трошоци за производство, кои изнесуваат 74.114 милиони долари, се пресмета царинска стапка од 104%*50%, тогаш дополнителниот трошок би изнесувал 19.605 милиони долари. Овој износ во однос на Добивката пред оданочување од 107.787 милиони долари претставува 18,19%.  

Односно, доколку Microsoft одлучи да не го префрли овој трошок врз потрошувачите преку повисоки цени, туку целосно да го апсорбира преку намалување на својата добивка, тоа би довело до пад на добивката пред оданочување за 18,19%. Вреднувањето на акцијата не се базира само на резултатите од една година, туку на очекуваните идни парични текови на компанијата, дисконтиран на сегашна вредност. Според нас, само доколку се очекува дека овој трошок ќе остане траен и дека добивката ќе биде трајно намалена за 18,19%, би можело да се оправда пад на акцијата во сличен обем. Имајќи предвид дека акцијата на Microsoft од највисоката точка од почеток на година (28.01.2025) до 07.04.2025 бележи пад од 19,98% очекуваме дека пазарот веќе ги има вклучено негативните ефекти од царините. 

⚠️Би сакале да забележиме дека ова е груба претпоставка. Во реалноста, производството на Microsoft е географски диверзифицирано, и дел од производството се наоѓа во САД со што не сите трошоци се изложени на царини. Дополнително би очекувале дека компанијата како компанија со големо искуство низ различни кризи и предизвици ќе успее дел од тој трошок да го префрли на потрошувачите, без да предизвика значаен пад на побарувачката, да најде алтернативни добавувачи или да креира нови производствени капацитети во други држави и региони со пониски царини.

 

 

 

 

 

 

 

Во исто време, постои ризик и останатите држави да воведат царини на увозот од САД. Сепак, имајќи предвид дека голем дел од производството на американските мултинационални компании се одвива надвор од Кина, и дека тие често поседуваат подружници во различни региони ширум светот, можно е значителен дел од потенцијалните царини да бидат избегнати. Преку вакви структури, компаниите би можеле да ја минимизираат изложеноста на нови трговски бариери и да ги пренасочат синџирите на снабдување, со што би го ублажиле негативниот ефект врз нивните оперативни резултати.

Пример: LVMH Moet Hennessy Louis Vuitton SE (ЕУ)

Доколку направиме анализа на европска компанија, како што е LVMH Moet Hennessy Louis Vuitton SE, ќе забележиме дека 25,45% од вкупната продажба во 2024 година е остварена на американскиот пазар. Најголемиот дел од производството на компанијата се одвива во Франција и Италија, а дополнително располага и со работилници во Калифорнија и Тексас. Сепак, поради недостиг на детални податоци, за целите на оваа анализа претпоставуваме дека целокупните трошоци за производство („Cost of revenue, Total“), кои изнесуваат 27.918 милиони долари, претставуваат увоз на стоки од ЕУ во САД. Применувајќи царинска стапка од 20% (објавената царинска стапка за увоз од ЕУ кон САД) на 25,45% од вкупните трошоци, дополнителниот трошок за продажба на производите на LVMH во САД би изнесувал приближно 1.421 милиони долари. Овој износ претставува 7,84% од добивката пред оданочување, која во 2024 година изнесувала 18.115 милиони долари. Со други зборови, доколку LVMH не ги префрли овие трошоци врз потрошувачите, туку целосно трајно ги апсорбира, тоа би резултирало со пад на добивката од 7,84%.

Во овој контекст, вреди да се забележи дека од највисоката вредност на акцијата на 27 јануари 2025 година до 7 април 2025 година, цената на акцијата на LVMH бележи пад од 32,80%.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Идни можности на пазарите на капитал

Секако, вредноста на секоја компанија е резултат на низа меѓусебно поврзани економски фактори, и изолираното анализирање на само еден од нив – како што се царините – не го прикажува целосниот ефект врз реалната вредност на компаниите. Потенцијалното дополнително зголемување на царините, пад на инвестициите, како и масовно префрлање на трошоците за тарифите врз потрошувачите од страна на компаниите може да резултира со пад на агрегатната потрошувачка, а дополнително евентуалното зголемување на каматните стапки би дејствувало дополнително контрактивно врз економската активност.

Од друга страна, постојат значајни можности и за поволно разрешување на ваквите тензии. Одредени влијателни претставници на Белата куќа, како што е Елон Маск отворено се залагаат за елиминација на царините меѓу САД и ЕУ, додека изјавите на претседателот Трамп укажуваат дека воведените царини главно имаат за цел да извршат притисок врз трговските партнери на САД да ги намалат сопствените трговски бариери кон американските компании. Трамп повеќепати во минатото истакна дека американските бизниси се во неповолна положба на глобалниот пазар, и дека трговските мерки што ги презема се насочени кон израмнување на условите.

Ако овие напори и притисоци на долг рок резултираат со пошироки договори и либерализација на трговијата, тоа би можело долгорочно да доведе до значителен раст на корпоративните добивки и зголемена глобална економска ефикасност. Дополнителен позитивен индикатор во таа насока е информацијата дека повеќе од 50 држави изразиле интерес за преговори со САД во врска со своите трговски позиции.

Паралелно со најавите за воведување на нови царини, се појавуваат и сигнали за потенцијално значително намалување на корпоративниот данок во САД. Ваквиот чекор би имал стимулативно дејство врз домашните компании, овозможувајќи им полесно да ги апсорбираат негативните ефекти од зголемените трговски трошоци.

Оттука може да се изведе заклучок дека стратегијата на Белата куќа најверојатно не е насочена кон фискална консолидација преку прибирање средства од царини, туку кон нивно реинвестирање во американската економија. На тој начин, средствата акумулирани преку царините би можеле индиректно да се вратат кај компаниите – преку даночни олеснувања, субвенции или други форми на поддршка – со цел зајакнување на конкурентноста на американскиот приватен сектор на глобално ниво.

Важно да се напомене е дека најголем дел од компаниите во кои се инвестира преку нашите фондови имаат долга традиција, стабилна корпоративна култура и искуство во успешно надминување на бројни економски предизвици и кризи. Тоа ни дава основа да очекуваме дека приватниот сектор, како и многупати досега, ќе најде оптимален и релативно брз начин за адаптација и непречено функционирање во новонастанатите услови. Во таа насока, можеме да очекуваме и појава на нови иновации во синџирите на снабдување и глобалното производство, кои потенцијално би можеле да придонесат за понатамошен економски раст на глобално ниво.

Според нашето мислење, ваквата поставеност на глобалната економија дава знак дека е одлично време да се продолжи со тековните инвестиции како и претходно без обидувајќи се да се погоди моментот кога пазарите на капитал ќе бидат на најниско ниво. Нашиот став е дека инвестирањето во акции е долгорочна активност, при која најдобри резултати се постигнуваат со редовно и дисциплинирано вложување.

Како што може да се забележи од графиконот на ВФП Премиум Акции, 2018та година беше година на многу притисоци меѓу САД и Кина во однос на царини, со што падот од највисоката точка изнесуваше 15,86%. И покрај тој пад, инвеститорот кој вложил во фондот во тој момент и притоа во меѓувреме поминал и низ ковид кризата, низ конфликтот Русија-Украина, како и други пазарни ризици, вклучувајќи ги и најновите царини до 07.04.2025 година може да се забележи дека остварил принос на својата инвестиција од 40,90%.

 

 

 

 

 

 

 

 

*Историскиот принос не е гаранција за идниот принос

Неизвесноста и кризите се составен дел од економијата и пазарите на капитал. Ризикот од привремен пад на вредноста на вложените средства секогаш ќе постои, но историски гледано, ризиците при вложување во акции на компании значајно се намалуваат при долгорочен пристап. Во вакви периоди, клучно е инвеститорите да останат смирени и фокусирани на реализација на сопствените долгорочни финансиски цели, без да бидат водени ниту од страв за сопствените средства на краток рок, ниту од алчност чекајќи да инвестираат на најниската или блиску до најниската точка. Постојаноста, дисциплината и долгорочната визија се основа за градење стабилно и одржливо богатство, особено во време на зголемена пазарна нестабилност.

Соопштение за јавноста – Докапитализација на Друштвото


Соопштение за јавноста

ВФП Фонд Менаџмент АД Скопје ја зголеми основната главнина и издаде нови 375.000 обични акции

ВФП Фонд Менаџмент АД Скопје ја известува јавноста дека врз основа на Решението од Комисија за хартии од вредност на РСМ број УП1 08-41 на ден 27.05.2021 година одобрена е измена на Статутот на Друштвото за управување со инвестициски фондови ВФП Фонд Менаџмент АД Скопје и се дава согласност за зголемување на основната главнина со емисија на нови акции по пат на приватна понуда.

ВФП Фонд Менаџмент АД Скопје издава нови 375.000 обични акции во износ од 375.000 евра, односно 23.104.687,50 денари.
Новите акции се распределени помеѓу постоечките акционери во процент пропорционален со досегашниот.
Упис за зголемување на главнината е направен во Централниот Регистар на Република Северна Македонија и Централниот Депозитар за хартии од вредност.

2.2 милиони евра додадена вредност за инвеститорите


 

Во овој период на неизвесности и предизвици, нашата компанија е среќна да изјави дека од основање, заклучно со 24.11.2020, акцискиот фонд ВФП Премиум Инвест бележи 2,2 милиони евра додадена вредност на Вашите средства. Тоа значи дека Вашите удели во акциите во компаниите сега вредат 2,2 милиони евра повеќе отколку што сте платиле за нив.

Иако висината на средствата е далеку од таа што ја очекуваме на долг рок, а вредноста на уделот пониска од пред корона кризата, кога достигна 132 денари, сепак над 3200 инвеститори во ВФП Премиум Инвест имаат позитивно учество во оваа вредност.

Не чекајте го “најдоброто” време за инвестирање. При долгорочното инвестирање, секој период е добар инвестициски период. Како што Ворен Бафет рекол:

“Кога поседуваме дел од акции во извонредни бизниси со извонредни раководства, тогаш нашиот омилен период на нивно чување е засекогаш. ”

Бидете во тек со ВФП Фонд Менаџмент и продолжете да инвестирате!

 

 

Ве молиме оставете ги Вашите контакт информации во формата подоле:

    ВФП ФОНД МЕНАЏМЕНТ СОВЕТУВА: КАКО ДО СТАН ЗА ВАШЕТО ДЕТЕ, БЕЗ БАНКАРСКИ КРЕДИТИ?


    Факт е дека примарната желба на секој родител е обезбедување на добра финансиска подлога за иднината на своите деца и олеснување на патот до осамостојување и живеење под сопствен кров. Со цел исполнување на истото, многу често родителите го решаваат ова прашање преку подигнување на повеќедецениски станбен кредит, по што својот живот го претвараат во отплата на истиот.

    Како Друштво за управување со инвестициски фондови и Инвестициско советување, преку оваа статија имаме намера за поттикнување на размислувања за важноста на навремено создавање на капитал за иднината своите деца.

    Да започнеме со дисциплинирано редовно месечно штедење од 100 од самото раѓање на детето. До неговата 25 годишна возраст, вкупниот износ на инвестирани средства е 30.000 €. Долгиот временски период кој ни стои на располагање најмногу одговара на инвестициска стратегија која вложува во акции – наша препорака се висококвалитетни мултинационални компании, двигатели на светската економија чии производи и услуги ги користиме во секојдневното постоење.

    Ако анализираме кои се главните фактори кои им овозможиле на богатите луѓе да се стекнат со толкаво богатство, ќе забележиме нешто заедничко кај сите нив – употребата на најважниот ефект во светот на финансиите – сложеното вкаматување (камата на камата). Под претпоставка дека средствата на овој временски период се оплодуваат со нето просечна годишна стапка од 5,0%, доаѓаме до 59.799 € – вредност на крајот од инвестицискиот период.

    *стапка на раст корегирана за инфлацијата

    Под претпоставка дека за купување на стан од 60м2 се потребни 60.000 € (1.000 € од м2), Вие практично би обезбедиле доволно средства потребни за решавање на станбеното прашање на Вашите најмили, без притоа да се изложите на ,,финансиски главоболки”.

    Несомнено, навиката за рано започнување со инвестирање, дури и во помали суми, е една од најисплатливите одлуки кои би ги донеле во животот. Дозволете парите ,,да работатза Вас и избегнете го притисокот и одговорноста кои подоцна ги носат високите кредитни рати.

    Нашето Друштво ВФП Фонд Менаџмент преку ВФП ЈУНИОР ИНВЕСТИЦИСКИ КЛУБ нуди можност за исполнување зацртаните финансиски цели. Со членување во ВФП Јуниор клубот, кој е првиот инвестициски Клуб за млади инвеститори во Македонија, Вашите деца покрај горенаведените би се здобиле и со следниве придобивки:

    • Развивање на претприемачки бизнис дух и инвеститорски mindset (рано запознавање и справување со ризикот/ профитот);
    • Можност да бидат дел од настани заедно со своите родители на кои јуниорите учат за светот на финансиите преку забава и игра;
    • Сопствен login и password на страницата WVP Junior Investment Club;
    • 24 – часовно следење на вредноста на сопствените средства .

    Сепак, најважната предност од членувањето во овој клуб е што Вашето дете индиректно станува дел од сопствениците на над 100 реномирани, развиени, големи мултинационални компании, како што се: Nestlѐ, J&J, Procter & Gamble, Coca Cola, Heineken, Nike, l’oreal, Phillip Morris, Unilever,, Mcdonald’s, BMW итн.

    ПРИКЛУЧЕТЕ ГИ ВАШИТЕ ДЕЦА КОН ОСТАНАТИТЕ  1.600 МЛАДИ ИНВЕСТИТОРИ!

     

     

     

    Ве молиме оставете ги Вашите контакт информации во формата подоле:

      Често поставувани прашања на инвеститорите за време на Коронавирус пандемијата


       

      Коронавирус пандемијата освен што претставува опасност за здравјето на луѓето, истата има и значајно влијание врз светската економија, со што легитимно е Вие како инвеститори да имате бројни прашања за Вашите инвестициски планови. Со овој блог сакаме да одговориме дел од прашањата кои можеби ве мачат.


       

      Кога може да очекувам враќање на инвестицијата на нивото на кое беше пред коронавирусот и каков ќе биде импактот на коронавирусот на моите инвестирани средства на долг рок?

       

      Со цел инвестициите во фондот ВФП Премиум Инвест да се вратат на нивото на кое беа пред коронавирусот потребно е да се појават знаци и надеж за нормализирање на економската активност, односно непречено функционирање на луѓето и компаниите. Голем дел од компаниите веќе наоѓаат начини за функционирање во новонастанатата реалност и очекуваме дека реалните последици од пандемијата ќе бидат помали од првично очекуваните. Вакви знаци веќе почнаа да се појавуваат на берзите со што може да се забележи дека во последниот период се забележува одредено заздравување на берзите. Тоа не ја исклучува можноста за повторно влошување на ситуацијата и дополнителен пад на берзите. Но, тоа што сакаме да го имате во предвид е дека Вашите средства се инвестирани во големи светски компании кои досега го имаат издржано тестот на времето, имаат преживеано голем број кризи и се тип на компании кои широко се очекува дека имаат најголеми шанси да ја пребродат и оваа криза. Оваа криза очекуваме да биде критична за малите и средните компании, од кои голем број може да се очекува дека ќе банкротираат, но ваков исход не очекуваме за компаниите во кои се инвестирани средствата на инвеститорите во ВФП Премиум Инвест. Со цел да имате појасна слика за големината на компаниите во кои се инвестирани средствата на фондот, ќе направиме споредба со БДП-то на Р.С. Македонија кој за 2019та изнесува приближно 12,7 милијарди долари, додека вкупните приходи во Буџетот изнесувале приближно 3,5 милијарди евра. Компанијата Bayer AG, која се наоѓа на медијаната според пазарна капитализација во однос на сите компании во портфолиото на ВФП Премиум Инвест има пазарна капитализација од 60 милијарди долари и вкупни годишни приходи за 2019та година од 49 милијарди долари.

      На долг рок, очекуваме пронаоѓање на лек и вакцина против вирусот, како и стекнување на одреден колективен имунитет кои ќе придонесат за повторно функционирање на светот како што функционираше и пред оваа пандемија. Во историјата човештвото се соочувало со многу сериозни пандемии, со многу повеќе жртви и многу повеќе заразени луѓе од сега, во време кога медицината била далеку понеразвиена од сега, но сепак тие биле пребродени по што економските субјекти продолжиле со нормално функционирање. Цврсто веруваме дека тоа ќе се случи и со оваа криза, односно веруваме и дека многу побрзо и поефикасно човештвото ќе успее да ја преброди, со што очекуваме компаниите да продолжат да остваруваат добивки како и претходно и да остваруваат принос за акционерите. Дополнително сакаме да нагласиме дека и голем дел од фондот во моментов е инвестиран во компании од Нециклична Потрошувачка, односно компании кои се фокусирани на производство на храна и пијалоци, како и во компании од Здравствениот сектор, кои не очекуваме драстично да бидат погодени од моменталната пандемија.

      Во моментов Ви препорачуваме да продолжите да инвестирате почесто, со цел упросечување на цената по која се купувани уделите со што впрочем може и на овој пад да се гледа како одлична можност за инвестирање во високо квалитетни компании по релативно пониски цени.

      На долг рок, важно е да се запамети дека мечкините пазари се болни, но исто така ретки и релативно краткотрајни. Од Втората светска војна до сега, за време на мечкините пазари на S&P 500 индексот, максималнот пад во просек изнесувал 34,5%, по што во просек биле потребни 39 месеци за да се достигне ново рекордно високо ниво.

       

      Кога очекувате берзите да го достигнат дното и која цена на уделот очекувате да биде минимална во иднина?

      За жал прецизен одговор на ова прашање не веруваме дека може да пронајдете, нови информации пристигнуваат постојано кои го движат пазарот на капитал. Цврсто веруваме дека пазарите на долг рок се ефикасни и веруваме дека сите очекувања и информации се веќе вградени во цените на акциите. Би сакале дополнително да напоменеме и дека берзите се предвесник на економските циклуси, односно во голем број на случаеви берзите веќе почнале да заздравуваат кога економиите го достигнувале своето дно. Имајќи го во предвид ова знаење, Ве советуваме да не го чекате дното на берзите, туку почесто редовно да инвестирате во диверзификувани портфолија, како и во различни типови на инструменти. Тоа можете да го направите со почнување на инвестирање и во ВФП 100% Бонд фондот, со цел да Ве мотивираме да го направите истото, еднократните уплати во месец Април во ВФП 100% Бонд ќе бидат ослободени од влезна провизија за инвеститори во ВФП Премиум Инвест. Диверзификацијата веруваме дека е многу битна во овие моменти.

       

      Дали да продолжам и понатаму да инвестирам или да чекам да заврши пандемијата?

      Цврсто веруваме дека чекањето на крај на пандемијата не е добро решение за продолжување со инвестирање. Имајте во предвид дека во тој момент сите економски субјекти ќе бидат свесни за истото и соодветно на тоа очекувањето е дека цените на инструментите веќе ќе бидат на повисоко ниво од моменталното, со што би ја пропуштиле можноста да инвестирате на пониски цени додека се уште е присутна неизвесноста за времето кога ќе заврши пандемијата. Ве советуваме да продолжите да инвестирате, дури и почесто од досега доколку тоа е во Вашите можности, со цел да ја упросечите цената на уделот на која ги инвестирате средствата, имајќи во предвид дека моментално берзите се поволатилни од обично. Доколку го земеме во предвид периодот од 01.01.1998 до 31.12.2017 година кај S&P 500 индексот, може да забележиме дека со пропуштање на најдобрите 40 дена, инвеститор со можност да остварел релативно задоволителен принос од 7,2% просечно годишно доколку бил константно инвестиран, би остварил загуба од 2,8% просечно годишно. Историските приноси не се гаранција за идни приноси, но големи се шансите дека при чекање на крајот на пандемијата би пропуштиле некои денови на берзите во кои би имале значајни позитивни движења.

       

      1.S&P500 01.01.1998-31.12.2017 – *Приносот од минатото не е гаранција за идните приноси

       

      Дали сега е моментот да инвестирам на македонска берза или во глобално дисперзиран фонд?

      Како што кажавме и претходно, веруваме дека е многу битно Вашите инвестиции во овој момент да бидат диверзификувани. Ние никогаш не би Ве советувале да не инвестирате во македонски компании, бидејќи постојат квалитетни компании и на македонската берза, поради што и една од нив е дел од портфолиото на ВФП Премиум Инвест со 1,31% (31.03.2020), иако не е голема мултинационална компанија. Но, треба да бидете свесни дека ризикот кога се инвестира во компанија со пазарна капитализација од 450 милиони евра, колку што изнесува најголемата македонска компанија која тргува на берза, е многу поголем отколку кога се инвестира во фонд кој инвестира во над 120 големи мултинационални компании. Дополнително ризикот е многу поголем кога се инвестира само во една држава или во еден сектор. Нашата препорака е да бидете максимално диверзификувани.

       

      Што ќе се случи со моите инвестирани средства доколку денарот депрецира?

      Најпрво би сакале да Ве информираме дека во моментот нема значаен ризик за депрецирање на денарот, девизните резерви на државата се стабилни, дополнително веруваме дека НБРСМ успешно ќе продолжи да ја остварува својата клучна цел, одржување на стабилен девизен курс, бидејќи е многу битен фактор во оддржување на стабилноста на македонската економија. Но, доколку направиме сценарио анализа на ВФП Премиум Инвест фондот, под претпоставка дека денарот би депрецирал 10% во однос на сите останати валути на 31.03.2020, тогаш Нето имотот на фондот би забележал раст од 10,2892%, со што може да заклучиме дека нето имотот на фондот е значајно заштитен од депрецијација на денарот.

       

       

      Ги покануваме сите заинтересирани нови потенцијални инвеститори, кои имаат можност и желба да почнат да инвестираат да не контактираат со цел да закажат онлајн состанок со наше стручно лице за подетална презентација на фондовите под управување на ВФП Фонд Менаџмент.

      *Минимална уплата во фондовите изнесува 1,000 мкд.

       

      Ве молиме оставете ги Вашите контакт информации во формата подоле:

        Лесни совети за заштеда на одмор и правилно инвестирање на заштеденото

        Летото дојде, а со него и одморите на кои најмногу им се радуваме. Понесени од атмосферата и желбата за релаксирање, многу често се случува да го потрошиме целиот наш планиран буџет, пари кои макотрпно сме ги заработувале и штеделе во текот на целата годината.

        Но, само поради тоа што ни дошло времето за опуштање, не значи дека не треба да бидеме внимателни околу начинот на кој ги трошиме нашите пари. Претпазливоста треба да биде уште повеќе изразена кога станува збор за планиран буџет за одмор кој е еден, два, три или повеќе пати поголем од нашата месечна плата.

        За таа цел, решивме да Ви споделиме неколку лесно применливи совети кои ќе ни помогнат  на ефикасен начин да ги трошиме нашите пари, а нема да влијаат на задоволството и уживањето од нашиот драгоцен одмор:

        Last Minute Понуди

        Доцното планирање на одмори најчесто знае да биде поскапо, но Last Minute понудите од агенциите се дефинитивно еден од најисплатливите начини за одење на одмор.
        За многу пониска цена од регуларната можеме да го уживаме истото.

        Убавината кај овие понуди е тоа што ги има постојано и лесно можеме да пронајдеме некоја атрактивна понуда и во периодот додека сме на нашиот годишен одмор.

        Патничко осигурување

        Сите сме запознаени со примери кога луѓе на нивното патување го  потрошиле целиот нивен буџет за незгода, која доколку би се случила во нашата држава би чинела некој минимален износ. Затоа, патничкото осигурување е задолжително!

        Тоа нѐ заштитува од сите незгоди кои може да се случат за време на одморот, а доколку се случи некоја непогода, осигурителната компанија ни го покрива трошокот.
        На тој начин го избегнуваме ризикот една ваква незгода да ни го исцрпи планираниот буџет и да ни го уништи долгоочекуваниот одмор.

        Спремање јадење „од дома

        Правењето домашни сендвичиња ни заштедува отприлика 15-20 евра за еден оброк во ресторан. Доколку одиме со целото семејство така можеме да заштедиме дури и до 100 евра!

        Уште една работа што ни оди во прилог при спремањето храна од дома е што секогаш знаеме што сме ставиле во нашиот оброк! Со тоа можеме да следиме како се храниме, колку калории внесуваме и секако – можеме да ги ставиме сите намирници кои ние ги сакаме, по наш избор.

        Street Food

        Другата алтернатива за оброк е уличната храна, која е најчесто најевтиниот избор во било кој град низ светот. Покрај тоа што уличната храна е лесно достапна кога немаме доволно време да си ги направиме нашите оброци дома, таа ни дава и одлична шанса за да ги испробаме локалните специјалитети. Уличната храна ни оди во прилог и во случаите кога немаме доволно време за да седнеме во ресторан и секако, кога сакаме да заштедиме пари при нашето патување.

        Изнајмување велосипед

        Додека го правиме планот за нашето патување, една од клучните точки на која треба да обрнеме внимание е транспортот.

        Велосипедот освен за рекреативна употреба, може да го користиме и како превозно средство кое не ја загадува околината, а ќе ни помогне да согориме некоја калорија плус.

        Во одредени европски градови изнајмувањето на велосипед може да биде дури и поевтина алтернатива од јавниот превоз. Покрај тоа, велосипедот е одличен начин за поттикнување на авантуристичкиот дух и истражување на некомерцијалните делови од градовите кои ги посетуваме.

        Иако горенаведените совети изгледаат прилично едноставни, тоа не значи дека не се ефективни. По нивното успешно применување, веднаш ќе забележите позитивен ефект на Вашиот паричник.

        Успеав да заштедам и да си поминам одлично. Што следно?

        Секогаш им се радуваме на заштедите кога се враќаме од одмор, правиме план што следно да правиме со нив, дали да си купиме нова облека или пак да излеземе на луксузен ручек со пријателите.
        Но, дали тоа е најразумната одлука што можеме да ја донесеме? Зошто заштедите кои ги вративме дома да не станат поголеми?

        За повеќе информации за воведувањето на инвестирањето како уште една добра навика која ќе Ви помогне во стекнување на богатство и обезбедувањето на поквалитетна иднина за Вас и Вашите најблиски јавете се на бројот 023 100 535 или оставете ги Вашите контакт информации со цел да Ве побараме ние.

          5 навики за поквалитетен живот

           

          “Ние сме она што постојано го правиме. Оттогаш, извонредноста не е дело, туку навика‘’
          -Аристотел

          Достигнувањето на нашиот потенцијал не секогаш е резултат на преземањето на големи,  драстични чекори во нашиот живот.

          Тоа е повеќе резултат на преземање мали чекори и нивно секојдневно применување.
          Клучот до исполнетост и среќа во животот е свесната намера за неговото подобрување и развитокот на добрите навики кои го предводат истото тоа подобрување.

          Во тој дух еве 5 позитивни навики кои лесно можеме да ги имплементираме:

          1. Развивање на вечерна рутина

          Живееме во ерата на зафатеност. Од нас се очекува секогаш да бидеме вклучени и многумина дури и се фалат со краткиот сон. Но, спиењето е една од (ако не и) најважните компоненти на здравјето.

          Тоа ни помага да ги консолидираме мемориите, да ги обработиме несвесните и свесните информации и да ги зајакнеме нашите нивоа на енергија за предизвиците што претстојат. Спортистите од светска класа, како Роџер Федерер, се најмногу запознаени со тоа колку всушност одморот е важен за врвниот перформанс.

          2. Редовно вежбање

          Телото е нашата најважна алатка. Најдобар начин да се грижиме за него е редовно да ја развиваме навиката за вежбање.

          Тоа води кон огромни придобивки и за телото и за умот. За почеток, ја зголемува самодовербата, нивото на енергија и ни олеснува при справувањето со стресот. Дополнително на ова е и фактот дека оваа навика нѐ претвара во посмирена личност и ни помага да спиеме подобро.

          “Физичката кондиција не е само еден од најважните фактори за здраво тело, туку е и основа на креативната и интелектуалната активност” – Џон Ф. Кенеди

          За да ни премине во секојдневна навика, најдобро е да се започне со едноставни 7-минутни рутини, на кои ќе им бидеме доследни секој ден. Тоа најлесно ќе го постигнеме доколку физичката активност ја вметнеме во нашиот календар и преку поставување на потсетници.

          И што е најважно, вежбањето треба да биде пријатна активност. Нема смисла да трчате ако не ви се допаѓа трчањето. Најдете тип на вежба која Ви се допаѓа и практикувајте ја.

          3. Здрава исхрана

          Храната е гориво за телото. Здравата исхрана ни дава повеќе енергија, ја зголемува продуктивноста и служи како гориво при нашето вежбање.

          Јадењето здрава храна е една од оние добри навики за кои сите се свесни, но малку од нас ја практикуваат. Зошто?

          Сите знаеме што треба да јадеме, а што да избегнуваме. Проблемот е што не ја гледаме нашата исхрана како важен дел од нашите навики. Но, откако ќе воочиме колку всушност исхраната влијае на нивото на животната енергија, квалитетот на донесените одлуки, расположението и среќата – веднаш ќе го вклучиме мозокот да биде повеќе свесен за она што го јадеме.

          “Грижете се за Вашето тело. Тоа е единственото место каде што треба да се живее. “-Џим Рон

          Едноставен совет за здрава исхрана е: гответе дома. Рестораните обично додаваат многу сол и шеќер во храната со цел да го подобрат вкусот. Преку готвењето дома, имаме поголема контрола врз состојките и методите за подготовка.

          И тука е уште еден совет: ако имате само здрава и вкусна храна во Вашиот дом, дури не мора да правите избор. Ќе јадете она што е пред Вас. Вашата здрава исхрана започнува во супермаркетот.

          4. Елиминирајте ги непотребните работи

          Живееме во ера на премногу.

          Цените на одредени производи, пред сѐ текстилните производи, брзо се намалија во текот на последните неколку децении и како резултат на тоа сега имаме премногу од сѐ. Следниов совет е контроверзен, па дури и неприфатлив кај многумина: Поседувајте помалку облека, чевли, материјали за готвење, постелнини и крпи. Донирајте или фрлете го непотребното за да создадете простор во Вашиот живот.

          Но, смалувањето на работите во нашиот живот не се сведува само на ослободувањето од материјалните работи:  станува збор за фокусирање на помалку цели (една е доволно), елиминирање на задачите од to-do листата, отстранување на токсичните односи, конзумирање помалку социјални медиуми, откажување на членството во теретаната во која никогаш не одиме, избегнување на бесмислени дебати и расправии, средување на бирото на крајот на денот, фокусирање на една задача наспроти multitasking итн.

          “Првиот чекор во градењето на животот што го сакате е да се ослободите од сè што не го сакате” – Џошуа Бекер

          Користете го правилото 80/20 за да ги пронајдете важните работи во Вашиот живот. Фокусирајте се на оние 20% од работите што Ви носат 80% од резултатите. Така ќе престанете со преоптоварувањето со малите нешта и наместо тоа ќе се фокусирате на поголемата слика.

          5. Штедење/Инвестирање

          Штедењето/инвестирањето е една од оние навики кои се полесни да се кажат отколку да се направат. Лесно е да се каже ќе штедам секој месец, но на крајот од месецот се случува да нема пари да се заштедат. Ова е чест проблем, затоа најефективен начин да се заштеди е да се одвојат пари за штедење кога ќе се добие месечната плата, а не на крај од месецот.

          Најдобар начин да започнете е доколку гледате на инвестирањето како обврска, слично на трошоците за струја и вода, така и сумата планирана за штедење додајте си ја во листата на задолжителни месечни одливи уште на почеток од месецот. Уште полесна станува оваа навика преку започнување на траен налог, така секој месец автоматски од Вашата банкарска сметка ќе  бидат трансферирани пари за инвестирање, а Вие нема да имате потреба да мислите дали ќе инвестирате месецот.

          Откако ќе ја развиете навиката да штедите ќе придонесете кон развој на својата финансиска сигурност, многу полесно ќе ги поднесувате изненадните трошоци, и најбитно од се, ќе имате можност да остварувате принос (добивки) на своите заштеди.

          За повеќе информации за воведувањето на инвестирањето како уште една добра навика во Вашиот живот јавете се на бројот 023 100 535 или оставете ги Вашите контакт информации со цел да Ве побараме ние.

            Зошто инвестирањето на рана возраст е мудра одлука?

             

            Една од најголемите заблуди во врска со инвестирањето е дека треба да имате многу пари за да започнете. Вистината е дека раното започнување со инвестирање, дури и во мали суми, е дефинитивно една од најмудрите одлуки кои ќе ги донесете во животот.
            Ова ќе Ви овозможи да ги искористите придобивките од вкаматувањето (сложената камата) и да стекнете добра, конзистентна навика на инвестирање која несомнено ќе Ви биде корисна и во остатокот од Вашиот живот.

            Вкаматувањето и добрите навики се важни, поради што се поголем дел од младата популација во светот се одлучува да се приклучи на FIRE движењето, кое подразбира постигнување на финансиска слобода на рани години, со цел независење од приходите од работното место, туку стигнување до ниво на опслужување на тековната потрошувачка од приносот на својата заштеда и инвестиции.

            Факт е дека човек учи најмногу преку пракса, а не теорија

            Од таму поттекнува и втората добра причина  зошто да започнете рано: Практична едукација за концептите на инвестирањето, финансиите и економијата, како и спознавање на Вашата сопствена толеранција за ризик и стилот на инвестирање што ќе Ви одговара. Искуството здобиено од искусувањете на константните растови и падови ќе Ви помогне да воочите дека нестабилноста во светот на финансиите е нормална појава, а не причина за паника.

            Еве неколку стратегии за инвеститорите – почетници кои се во нивните 20-ти и 30-ти:

            Штедете краткорочно, инвестирајте долгорочно

            Овие принципи се однесуваат за инвеститорите на било која возраст, но особено кога сте помлади, или само што почнувате во кариерата, започнувате семејство или и двете.
            Суштината е, треба да заштедите пари за краткорочните трошоци како што се кирија, исплата на кредит, како и секојдневни трошоци за живеење. Исто така, важно е да се акумулира одреден износ за итни случаи во случај на неочекуваното.
            Во исто време, треба да се одвојат и пари за долгорочни цели, како на пример купување на дом, автомобил, образование за Вашите деца и постигнување финансиска слобода.

            Краткорочните заштеди треба да се пласираат во помалку ризични вложувања, како што се депозити по видување или пак парични фондови, кои нудат ликвидност исто како и депозитите по видување, но за разлика од нив носат и одреден принос.
            Од друга страна пак, долгорочните инвестиции треба да бидат во акции и обврзници. Отворените инвестициски фондови се одличен начин за инвестирање во портфолио со различни инструменти кои го распределуваат ризикот. Иако акциските и обврзничките фондови се поризични од паричните фондови, долгорочните приноси кои ги нудат вообичаено се поатрактивни.

            Не дозволувајте флуктуациите на пазарот да Ве исплашат

            Помислата за губење на пари на пазарот може да биде страшна, особено кога прв пат започнувате да инвестирате. Но, придобивките од раното инвестирање и издржувањето на пазарните флуктуации може да се исплатат на долг рок. Раното започнување им дава на Вашите инвестиции повеќе време да растат. Исто така, Ви дава и повеќе време за да ги надоместите евентуалните загуби, отколку ако почнавте да инвестирате во Вашите подоцнежни години.

            Диверзифицирајте го Вашето портфолио

            Најдобро е да инвестирате во диверзифицирано, долгорочно портфолио на акции и обврзници. Со акции, обидете се да инвестирате во различни индустрии, наместо да ги ставате сите Ваши пари во еден сектор, како што се природни ресурси, банкарство или технологија. Инвестициските фондови како ВФП Премиум Инвест се едноставен начин да се постигне диверзификација низ секторите, како и географски области.

            Бидете свесни за распределбата на Вашите средства и ребалансирајте колку што е потребно

            Има едно старо правило дека процентот на акции во портфолиото на инвестиции треба да биде 100 минус Вашата возраст. Тоа значи дека типичен 30-годишен инвеститор треба да има 70% од своето портфолио во акции, и 60-годишниот треба да има 40%. Но, за попрецизна насока и совет како за Вас е најсоодветно да ги распределите средствата според различен вид на инструменти, Ви препорачуваме да се консултирате со инвестициски советник.

            Добра идеја е да се одреди процентот на Вашето портфолио кој ќе биде во акции, обврзници или готовина – и да се ребалансира редовно. Вашиот микс ќе зависи од Вашата индивидуална толеранција за ризик и Вашиот временски хоризонт.
            Повеќето експерти препорачуваат во Вашите помлади години учеството на акциите во портфолиото да доминира, а потоа, со тек на време, тој процент да се намалува.
            Идејата е Вашето портфолио да биде помалку подложно на пазарни промени како што се приближувате кон Вашите подоцнежни години.

            За повеќе информации околу ВФП Кеш Депозит фондот, уплатите преку траен налог и нивните предности јавете се на бројот 023 100 535 или оставете ги Вашите контакт информации со цел да Ве побараме ние.

              Едуцирање на децата за финансиски вештини. Зошто е тоа потребно?

               

               

              Факт е дека доколку Вашите деца развиjат добри финансиски вештини и навики од нивната рана возраст тие ќе бидат подобро подготвени за финансиските предизвици на зрелоста.

              Едуцирање на помладите за концептот на парите, нивното создавање, заработување и штедење овозможува поставување на една основа кај нив која може да биде од клучно значење за нивниот личен развој. Учејќи ги децата за основните поими како што се буџет, трошење и заштеда, ќе успеете да воспоставите добри навики и дисциплина за целиот нивен живот.

              Еве неколку работи што може да ги направите со своите деца кои би им помогнале во развојот на нивната финансиска едукација пред да започнат со работа:

              • Списоци за купување – Побарајте од Вашите деца да Ви помогнат во составувањето на список за купување на потребни продукти за дома.
              • Навика за истражување – Научете ги децата да истражуваат на интернет или во самите продавници за да научат како да ја бараат најдобрата зделка за различни производи.
              • Планирајте настан – Вклучете ги Вашите деца во планирање и буџетирање за патување или роденден. Поминете низ сите трошоци, вклучувајќи ги и цените за транспорт, храна или прием.
              • Потреби наспроти желби – Помогнете им на Вашите деца да научат како да избегнуваат спонтани нагони на купување преку поставување цели и приоретизирање на оние работи кои навистина се потребни, и оние кои значат само бесцелно трошење на парите. Разговарајте за разликата помеѓу потребите и желбите и охрабрете ги Вашите деца да размислуваат пред да направат одлука за купување.
              • Поставете цели – Помогнете им на Вашите деца да постават цел и да ги следат нивните заштеди и нивното трошење.

              Последниот совет е најбитен во финансиската едукација кај младите.
              Децата потребно е да разберат дека трошењето на пари е лесно и дека секој човек знае и умее како да троши пари. Трошењето најчесто е првото нешто што луѓето го прават со своите приходи.

              Но, децата не треба да знаат само како да ги трошат парите, туку мора да разберат дека штедењето пари е исто така важно како и трошењето.

              Еден начин на учење на децата е да им помогнете да го разберат штедењето како игра, и да им дадете до знаење дека со штедењето секогаш постои одредена награда.

              Со членување во ВФП Јуниор клубот, кој е првиот инвестициски Клуб за млади инвеститори во Македонија, Вашите деца може да ги добијат следниве предности:

              • Развивање на претприемачки бизнис дух и инвеститорски mindset (рано запознавање и справување со ризикот/ профитот)
              • Можност да бидат дел од настани заедно со своите родители на кои јуниорите учат за светот на финансиите преку забава и игра
              • Можност детето да си го прочита името, презимето и датумот на нашата веб-страница
              • Сопствен login и password на страницата WVP Junior Investment Club
              • 24 – часовно следење на сопствените акции (пораст и пад)

              Сепак, најважната предност од членувањето во овој клуб е што Вашето дете индиректно станува дел од сопствениците на над 100 реномирани, развиени, големи мултинационални компании, како што се: Nestlѐ, J&J, Procter & Gamble, Coca Cola, Heineken, Nike, l’oreal, Phillip Morris, Unilever,, Mcdonald’s, BMW итн.

              Дополнително, со самото учество истовремено акумулирате средства за идно квалитетно образование, стан, сопствен бизнис или почетен капитал за други цели на Вашето дете.

              Средствата одвоени за иднината на Вашето дете се управувани од професионалци кои го користат знаењето и искуството на WVP Group Austria, Австриска компанија со над 30 годишно искуство во областа на финансиското посредување.

              За повеќе информации околу ВФП Јуниор Инвестицискиот Клуб јавете се на бројот 023 100 535 или оставете ги Вашите контакт информации со цел да Ве побараме ние.

                Зошто треба да вложувате во парични фондови?

                 

                Честопати како штедачи сме соочени со дилемата: Колкав дел од моите заштеди да ги чувам на трансакциска сметка или пак во готовина, а колкав дел да ги орочам?

                Оваа одлука е многу тешка и бара посветување на одредено време и ресурси за да се донесе вистинската одлука.
                Причината е поради тоа што при донесувањето на одлуката треба да се земат неколку работи во предвид:

                • Иако готовината и средствата на трансакциската сметка се високоликвидни, тие или не носат никаков принос, или пак тој е минимален.
                • Како што знаеме, инфлацијата претставува порастот на цените на добрата и услугите во целокупната економија. Со растот на цените на суровините, растат и цените на готовите производи, а и платите за вработените.
                  Ефектот на инфлацијата секоја година влијае на парите кои ги чувате во готовина и им ја намалува нивната вредност.
                • Откако ќе одлучите колкав дел од Вашите приходи ќе ги заштедите, а колкав дел ќе ги чувате како ликвидни средства, следен чекор е да најдете погодно место за штедење.
                  Различни банки нудат различни каматни стапки, при различни периоди на вложување и при различни услови.
                • Во одредени моменти од Вашиот живот, потребно Ви е поголемо ниво на готовина од таа што ја имате, и ќе се јави потреба од повлекување на средства кои се веќе орочени.
                  Најчесто при ваквите повлекувања, се губи остварената камата или пак се плаќаат казнени пенали.

                За среќа, постои и друга алтернатива на класичниот пристап на штедење.
                Во 70-тите години од минатиот век, во САД биле оформени првите отворени инвестициски фондови кои вложувале во краткорочни државни записи и обврзници.
                Тие се појавиле како одговор на тогашната забрана за исплата на камата на депозити по видување, и служеле како супститут на трансакциските сметки.

                Набрзо по нивното создавање, тие се здобиле со популарност како лесна алтернатива за инвеститорите да купат различни безбедни инструменти одеднаш, кои истовремено нуделе повисоки приноси од тие во стандардните трансакциски сметки. Голем дел од инвеститорите ги користат кеш фондовите за менаџирање на нивната готовина и останатите потреби кои може да настанат во краткиот рок.

                Во изминатава декада, ваков вид на фондови се појавија и во Македонија.
                Така, ВФП Кеш Депозит е отворен инвестициски фонд кој главно ги пласира средствата на своите инвеститори во депозити на македонските банки и во македонски обврзници.
                Со инвестирање на Вашите средства во овој фонд, Вие го избегнувате горенаведениот процес на селектирање на најпогодно место за штедење, а наместо тоа инвестирате во диверзифицирано портфолио на релативно сигурни финансиски инструменти.

                Вашите средства ќе се реинвестираат автоматски, ќе бидат постојано ликвидни, и ќе можете да си ги следите преку нашата веб апликација.

                Доколку не сакате своите средства да ги изложите на висок ризик или ценовни осцилации, тогаш кеш фондовите се одлична алтернатива.
                Сепак, најголемата придобивка од овие фондови е тоа што ќе остварувате атрактивен принос, а нема да плаќате влезни или излезни провизии за вадење или повторно вложување на Вашите средства.

                Најдобар начин да се искористи ефектот и придобивките од овие парични фондови е преку траен налог, при што дел од Вашиот приход може секој месец директно да си се инвестира во кеш фондот. На тој начин  ќе имате 3 главни придобивки:

                • ќе може да акумулирате одредена заштеда,
                • средствата ќе Ви бидат достапни без никакви влезни или излезни провизии,
                • истовремено ќе заработувате атрактивна стапка на принос

                За повеќе информации околу ВФП Кеш Депозит фондот, уплатите преку траен налог и нивните предности јавете се на бројот 023 100 535 или оставете ги Вашите контакт информации со цел да Ве побараме ние.