Објавено на 20.12.2020

Основана во 1819 година, австриската компанија Wienerberger AG произведува и продава градежни материјали на станбената градежна индустрија. Портфолиото на производи на компанијата меѓу другите вклучува глинени блокови, тули, покривни плочки, пластични и керамички цевки и бетонски поплочувачи.Wienerberger е најголемиот производител на тули во светот.

Бизнисот е поделен на три оперативни сегменти засновани на производството и географските локации: Wienerbergen Building Solutions, Wienerberger Piping Solutions и Северна Америка. Поголемиот дел од приходите компанијата ги остварува од сегментот Wienerberger Building Solutions, преку кој се обезбедуваат решенија за изолација на згради и поплочување. Исто така поголемиот дел од приходите е од Европа.