Објавено на 20.12.2020

Visa е глобална технолошка компанија за плаќања, која ги поврзува потрошувачите, бизнисите, банките и владите, овозможувајќи им да користат дигитална валута и да го остават кешо и чековите зад себе. Компанијата им издава лиценци на банки ширум светот за издавање на нивните картички.

Таа оперира во 200 држави и процесира трансакции во над 160 валути. Нивните системи се способни за обработка на над 65.000 трансакции во секунда. Фокусот на Visa кон иновациите е катализатор за брзиот раст на мрежната трговија на било кој уред и движечка сила зад сонот за безготовинска иднина за сите, насекаде.