Објавено на 20.12.2020

Vinci e најголемата групација во светот за градежништво и услуги поврзани со градежништвото. Француската компанијата основана во 1899 година, е еден од светски најголемите инвеститори во транспортната инфраструктура.

Таа исто така оперира и со 45 аеродроми во 12 држави, што ја прави втор најголем оператор во светот според бројот на патници. Покрај инфраструктурните системи во областа на енергијата, заштита од пожари и решенија од областа на автоматиката, Vinci исто така произведува и IT инфраструктура, a има и свои концепти за осветлување.