Објавено на 20.12.2020

Швајцарската компанија UBS е најголемата светска компанија за управување со средствата и е производ на неколку спојувања низ годините. Покрај управување со средства и богатство компанијата оперира универзална банка во Швајцарија и глобална инвестициска банка. Токму кон овие бизниси е насочена и стратегијата на UBS Group – управување со богатството и универзалната банка во Швајцарија, надополнета со глобалниот бизнис за управување со средствата и нејзината инвестициска банка.

UBS е дел од 30-те систематски важни банки кои се предмет на стрикни безбедносни прописи (“too-big-to-fail” регулаторни барања) заради нивната големина и економска важност. Со седиште во Цирих, UBS има канцеларии во над 50 земји и вработува приближно 67.000 луѓе.