Објавено на 20.12.2020

Основана во 1847 година, Siemens AG е германска мултинационална компанија со седиште во Минхен и е најголемата компанија за индустриско производство во Европа. Компанијата има многу диверзификувано портфолио. Меѓу другото таа продава опрема за автоматизација на фабрика, железничка опрема, опрема за електрична дистрибуција и медицинска опрема.

Како посебни бизнис единици на Siemens се издовојуваат Siemens Healthineers, Siemens Energy и Siemens Gamesa, кои обезбедуваат медицинска опрема, производство на електрична енергија и ветерни турбини соодветно. Компанијата поднесува илјадници на патенти секоја година. Еден од најголемите пронајдоци на Siemens е првата електрична локомотива во светот во 1879 година.