Објавено на 20.12.2020

SAP SE е германска компанија која нуди софтвери во вид на апликации за претпријатија во областа на менаџирање на бизнис операциите и односи со потрошувачите. Таа е најголема европска и трета во светски рамки котирана софтверска компанија.

Компанијата работи преку три сегменти: Апликации, Технологија и Услуги, преку кои се занимава со продажба на лиценци за софтвер, претплати на своите cloud апликации и сродни услуги. Целта на компанијата е развој на софтвер за управување на сите бизнис активности, како сметководство, контрола, продажба, купување, маркетинг производство итн. Над 106.000 компании користат SAP ERP софтвер. Оваа компанија е највредната германска компанија според пазарната капитализација и претставува највреден бренд во Европа.