Објавено на 20.12.2020

Германската компанија ProSiebenSat.1 SE е една од најголемите медиумски компании во Европа.

Компанијата работи преку три сегмненти: Забава, Продукција и глобална продажба и Трговија. Сегментот за забава ги генерира половина од приходите и работи со бесплатни ТВ канали и ProsiebenSat.1 HD канали. Овој сегмент исто така работи и со AdTech и онлајн рекламирање, како и маркетинг на музика настани и спортисти. Вториот сегмент продуцира забавни емисии и содржини преку подружницата Red Arrow Studios. Сегментот за трговија се нуди совети за потрошувачи, бизнис за спојување на парови, како и бизнис на убавина и здравје. Во ТВ канали на компанијата спаѓаат: SAT.1, ProSieben, kabel eins, sixx, SAT.1 Gold и ProSieben MAXX. Најголемиот дел од приходите доаѓаат од Германија, потоа од САД, Австрија и Швајцарија.