Објавено на 20.12.2020

Именувана според грчката божица на победата, Nike е компанија за чевли и облека. Компанијата дизајнира, развива и продава различни производи за играње на кошарка и фудбал, како и за трчање, тренирање и други спортови.

Под брендот Nike, таа пласира и детски производи и производи за разни рекреативни активности, а исто така продава и спортска облека под брендовите Jordan и Converse. Своите производи компанијата ги продава преку 1.090 сопствени продавници и веб страна за онлајн продажба, како и преку илјадници други продавници за малопродажба, независни дистрибутери и преставници за продажба. 60% од приходите, компанијата ги генерира надвор од САД.