Објавено на 19.12.2020

Ahold Delhaize е една од најголемите компании за трговија со прехрамбени производи во светот, со седиште во Холандија. Компанијата е формирана како резултат на спојување на холандската фирма Ahold и белгиската Delhaize и во неа работат 380.000 вработени.

Ahold Delhaize работи со силни локални брендови во Европа, САД и Индонезија кои се дел од 6700 продавници, како и online достава и подигнување, кои ги користат повеќе од 54 милиони клиенти секоја недела. Во нивното портфолио на брендови спаѓаат Food Lion, Stop&Shop, MAXI, Albert Heijn итн.