Објавено на 20.12.2020

Johnson & Johnson е најголемата и најразновидна здравствена компанија во светот која работи преку повеќе 260 компании, лоцирани во 60 држави.

Фармацевтскиот сегмент на компанијата меѓу другото е фокусиран на производство на лекови за заразни болести, невролошки, кардиоваскуларни и онколошки заболувања. Најпродавани се лековите против псоријаза Remicade и Stelara и лекот против рак Zytiga.

Сегментот за медицински помагала нуди хируршка опрема, ортопедски производи, контактни леки и многу други производи.

На крај, сегментот за општа потрошувачка прави лекови и производи кои се користат без рецепт за нега на бебиња, на кожа, прва помош и женска и орална нега. Иако компанијата работи низ целиот свет, сепак половина од приходите ги заработува во САД.