Објавено на 20.12.2020

Intesa Sanpaolo S.p.A. е нова банкарска групација формирана со спојувањето на Banca Intesa и Sanpaolo IMI. Компанијата е лидер на италијанскиот пазар и има растечко интернационално присуство со фокус на Централна и Источна Европа, Блискиот Исток и Северна Африка.

Intesa има намера да стане репер за создавање на вредност во европскиот банкарски сектор. Компанијата обединува две големи италијански банки, што ја подобрува можноста за раст, овозможува значајна подршка за развој на деловните клиенти и важен придонес кон растот во земјите каде што работи.