Објавено на 09.03.2021

Facebook е најголемата социјална мрежа во светот. Скоро секоја втора личност на светот со пристап до интернет има профил на платформата која Mark Zuckerberg ја основа 2004 година. Facebook им дозволува на корисниците да споделуваат информации, да објавуваат фотографии и видеа, да играат игри, да се поврзуваат онлајн со други луѓе и многу други опции. Компанијата има над 2,5 милјарди активни корисници месечно. Facebook исто така го псоедува и Instagram, Messenger и WhatsApp, како и платформа за виртуелна реалност Oculus. 90% од вкупните приходи на компанијата се генерираат преку рекламирање, од кои 50% доаѓаат од САД и Канада.