Објавено на 20.12.2020

DuPont de Nemours, порано позната како DowDuPont, започна со самостојна работа после одвојувањето на Corteva во 2019.

Без да сме свесни, производите на DuPont се дел од нашиот живот. Нивните материјали се користат во нашите обувки и ги прават лесни и еластични, огноотпорниот слој на облеката на пожарникарите е на DuPont, исто така материјалот кој ја задржува топлината кај нуркачите и многу други. Значи портфолиото на компанијата вклучува хемикалии, материјали и производи кои се користат на пазарите на автомобилската индустрија, електрониката, градежништвото и во комуникациската технологија.

DuPont исто така има придобивки и од тоа што може да произведе патентирани, специјализирани хемикалии кои ќе ја контролираат ценовната моќ. Познати брендови се Kevlar, Tyvek и Nomex кои имаат широка примена во повеќе индустрии.