Објавено на 20.12.2020

Со над 200.000 вработени, Deutsche Telekom е една од најголемите телекомуникациски компании во светот. Со преземањто на Sprint во 2020, Telekom исто така стана и втор најголем обезбедувач на бежични услуги во САД.

Компанијата има околу 184 милиони корисници на услугите за мобилни телефони, скоро 30 милиони корисници на фиксна линија и преку 20 милиони корисници на брз интернет. Секој трет телефонски повик во Германија е направен преку Telekom. Освен Германија и САД, компанијата оперира и во други 9 држави во Европа. Благодарение на партнерствата со бројни авиокомпании, Telekom-Hotspots го има и во воздужните линии.