Објавено на 20.12.2020

BT е една од светски водечките компании за комуникациски услуги. Компанијата оперира во Велика Британија и 180 други држави во светот.

Нивни главни активности се обезбедување на услуги за фиксни линии, интернет, мобилни и ТВ производи и услуги, како и мрежни IT услуги. Со скоро 30 милиони корисници, и повеќе од 620 продавници, BT е најголемата компанија во Велика Британија во комуникациската индустрија. Целта на компанијата е да ја изгради најдобрата можна мрежа со највисок квалитет на услугата и да се овозможат сите во Британија да бидат мрежно поврзани.