Објавено на 19.12.2020

Biogen е американска мултинационална биотехнолошка компанија, која истражува иновативни терапии за лица кои живеат со сериозни невролошки и невродегенеративни болести.

Компанијата е пионер во биотехнологијата и денес има водечко портфолио на лекови за третман на мултиплекс склероза, го издаде првиот и единствен дозволен лек за спинална мускулна атрофија, и е во првите редови на невролошките истражувања за состојби како Алцхајмер, Паркинсова болест и амиотрофична латерална склероза. Biogen исто така произведува производи за пазарот на биосимилари.