Објавено на 19.12.2020

Bayer е германска здравствена и агрикултурна компанија со седиште во Леверкузен.

Аспиринот е иновација токму на оваа компанија, кој датира уште од почетокот на 20-тиот век. Денес Bayer продава голем број на добро познати, во главно лекови без рецепти, како што се Claritin, Aleve, Bepanthen, Bepanthol, Canesten и така натаму.

Дополнително, компанијата е исто така активна и во агрикултурата и во областа на ветеринарната медицина. Нивните производи од овие области вклучуваат семиња, пестициди, хербициди и фунгициди кои се проширија преку освојувањето на компанијата Monsanto.