Објавено на 19.12.2020

Apple е една од најголемите и финансиски најстабилните компании во светот. Основана од легендарниот Steve Jobs, во изминатите години компанијата покажа одлични вештини во препознавање и следење на трендовите.

Американскиот IT гигант оствари неверојатен меѓународен успех со iPod, iPhone, iPad и Mac Book. Apple е убедливо најдоминантниот производител на премиум телефони во светот со 57% пазарно учество и е најголем производител на smart аксесоари. Стилски дизајнираните производи станаа составен дел од многу домаќинства и во нашата земја.