Објавено на 09.03.2021

Alphabet Inc. е Американски мултинационален конгломерат со седиште во Маунтин Вју, Калифорнија. Alphabet е една од најиновативните компании во светот во модерната технолошка ера. Во делот за пребарување преку интернет, Гугл е монопол со повеќе од 94% од обемот и пазарот на пребарување преку интернет. Компанијата исто така добива удел на cloud пазарот, воден од постојаната моќ во понудите на Google Cloud Platform и G Suite.
Alphabet, исто така, ужива доминантна позиција на пазарот на автономни возила, преку компанијата Waymo. Исто така,ја зајакнува својата активност во здравствената индустрија преку својата компанија, Verily. Компанијата исто така стана познато име во светот на забавата YouTube излезе со 20 милијарди долари приходи од рекламирање во 2020 година. Услугите на Google вклучуваат производи и услуги како што се реклами, Android, Chrome, хардвер, Google Maps, Google Play, Search и YouTube.