Објавено на 19.12.2020

Основана во 1902 година, Air Liquid е една од водечките компании за индустриски гас во светот, која му служи на повеќе од 3,5 милиони корисници во 80 држави.

Покрај производството на гасови, компанијата исто така врши и нивна достава и складирање. Овде на пример се вклучува и 24-часовна итна испорака на кислород кој Air Liquide ја извршува до многу доктори и болници. Но, гасовите на компанијата исто така играат важна улога и во сосема различни области од животот. Служат како заштита од експлозија во бензинот, ја поддржуваат биолошката деградација на загадувачите при третман на отпадните води, овозможуваат производство на сув мраз, ги има во кислородните боци на нуркачите итн.