Објавено на 19.12.2020

Само неколку компании успеваат да бидат дел од нашето секојдневие и притоа да станат неопходни во нашето работење. Adobe е дефинитивно една од тие компании.

Acrobat Reader му е познат на скоро секој корисник на компјутер. Со него можеме да ги прочитаме PDF – датотеките кои ни ги испраќаат како документи, блогови или извадоци од книги.

Главен акцент компанијата става на креативноста. Во период во кој владеат социјалните мрежи и инстаграм модели, Adobe Photoshop е неопходна програма за уредување, a нивниот Creative Cloud – сет од 20+ десктоп и мобилни апликации за фотографија, видео, дизајн и др. – зема се поголем замав во денешницата.