Објавено на 20.12.2020

3M e американска компанија која произведува секакви производи, од лепило до високо-технолошка опрема за безбедност. Производите на диверзифицираната компанија спаѓаат во четири сегменти: Безбедност и индустрија, Транспорт и електроника, Здравствена заштита и Општа потрошувачка.

3М ги има поседува едни од најпрепознатливите брендови за општа потрошувачка како што се Post-it белешките, Scotch ленти, Scotchgard, Scotch-Brite, Filtrete прочистувачите на воздух и ACE завоите. 3М ги продава своите производи директно на корисниците и преку бројни трговци на големо, преку малопродажба и достава низ светот. Компанијата е формирана во 1902 во Минесота како рударско-производствена компанија.