Објавено на 08.11.2019

WVP KidINvest 2 настанот изобилуваше со забава и едукација за нашите Јуниори на возраст од 4 до 18 години.

Младите инвеститори научија за основните економски поими од областа на финансиите и инвестирањето, во кои акции се сопственици индиректно тие како инвеститори во нашиот Фонд, како и кои се здравите навики на богатите луѓе.
Исто така со самото учество имаа можност да добијат многу подароци и сертификати за учество на настанот, како и награди за победниците во игрите преку кои што научија многу за портфолиото на нивниот Фонд.
Најмладите Јуниор инвеститори имаа можност да бидат дел претстава која беше склоп на едукација, интеракција, илузии и многу хумор.

Преку фотографиите во прилог, можете да доловите само дел од атмосферата, односно како си поминаа првата, втората и третата група Јуниори на возраст од 15 до 18 години, 11 до 14 години и од 4 до 10 години.