Објавено на 19.12.2020

American Express e американска мултинационална финансиска компанија со седиште во Њујорк, која оперира во околу 130 држави и на корисниците и бизнисите им обезбедува производи за наплата и плаќања со кредитни картички.

Покрај платежните производи, компанијата нуди и услуги за управување со трошоци, консултантски услуги и бизнис заеми. Исто така, American Express има и доста развиена мрежа на услуги поврзани со патувањата.

Компанијата беше основана во 1850 година во Бафало, Њујорк, како бизнис за брзо доставување на пошта.