Објавено на 20.12.2020

Roche Holding е швајцарска компанија со седиште во Базел, основана во 1896 година. Таа е водечка здравствена компанија фокусирана кон развој на иновативни дијагностички и терапевтски производи и услуги, кои овозможуваат рано откривање и спречување на болести, како и нивно лекување и следење.

Компанијата работи преку два сегмента: Фармацевтски производи и Дијагностика. Во најпродаваните фармацевтски производи на компанијата спаѓаат различни терапии од областа на онкологијата од стекнатиот партнер Genentech. Roche e исто така многу активна во истражувањата за сидата. Само неколку компании во светот инвестираат повеќе средства во истражување и развој отколку Roche.