Објавено на 19.12.2020

„Алкалоид“ AД Скопје е компанија која осум децении работи на производство на лекови, преработка на билни суровини и на производство на козметички и на хемиски производи. „

Алкалоид“ АД е акционерско друштво, во чии рамки работат два профитни центри: Фармација и Хемија, козметика и билкарство. „Алкалоид“ започнал со работа на 15 август 1936 година, со два погона и само со 15 работници, кои произведувале 350 килограми фармацевтски суровини.

Лекот „кафетин“ (Caffetin®) е убедливо најраспространетиот и најпознатиот производ на „Алкалоид АД Скопје“. Лекот бил лансиран е во 1957 година и станал многу продаван производ на подрачјето на поранешна Југославија, а покрај тоа се продавал и на пазарите во 15 земји, меѓу кои и Русија, Бугарија и Романија. Исто така во март 1978 година, „Алкалоид“ започнал со производството на производите од програмата „Бекутан“ која во 2018 опфаќала 26 производи со над 50 различни пакувања.