Оваа Политиката за приватност на личните податоци го уредува начинот на кој Друштво за управување со отворени и затворени инвестициски фондови ВФП ФОНД МЕНАЏМЕНТ АД Скопје (во понатамошниот текст ВФП ФОНД МЕНАЏМЕНТ АД Скопје) ги собира, користи и обработува податоците собрани од посeтителите на нашата интернет страна.
ПОЛИТИКА ЗА ПРИВАТНОСТ
Оваа Политика за приватност дава општи информации за обработката на лични податоци кога ја посетувате интернет страната на ВФП ФОНД МЕНАЏМЕНТ АД Скопје и/или користите некоја од нашите услуги и кои се Вашите права согласно Законот за заштита на личните податоци. ВФП ФОНД МЕНАЏМЕНТ АД Скопје ги собира само оние лични податоци кои се неопходни за да ги оствари сопствените права и обврски.
- Контролор на збирки на лични податоци
- Контролор на личните податоци е ВФП ФОНД МЕНАЏМЕНТ АД Скопје (во понатамошен текст Контролор), со седиште во Скопје на ул. бул. Кочо Рацин бр.3-2 кат 3 и 4 Скопје, Република Северна Македонија, со ЕМБС 6983120, ЕДБ 4080014546756, е-маил contact@wvpfondovi.mk, телефон 02 328 0082, веб страница www.wvpfondovi.mk.
- ВФП ФОНД МЕНАЏМЕНТ АД Скопје е акционерско друштво основано согласно одредбите од Законот за инвестициски фондови и Законот за трговските друштва и запишано во единствeниот трговски регистар кој се води при Централниот регистар на Република Северна Македонија.
- Личните податоци се обработуваат во согласност со одредбите од Законот за заштита на лични податоци, подзаконските акти на Агенцијата за заштита на личните податоци и актите за технички и организациски мерки за обработка на лични податоци на ВФП ФОНД МЕНАЏМЕНТ АД Скопје. Дополнително, ВФП ФОНД МЕНАЏМЕНТ АД Скопје настојува да ги применува и актите кои произлегуваат од регулаторните тела на Европската Унија, се разбира оние кои се однесуваат на заштита на обработката на личните податоци.
- Чии лични податоци обработуваме и за која цел
- ВФП ФОНД МЕНАЏМЕНТ АД Скопје собира податоци поврзани со следниве категории на лица:
- посетители на интернет страната на ВФП ФОНД МЕНАЏМЕНТ АД Скопје www.wvpfondovi.mk. Вообичаено, ВФП ФОНД МЕНАЏМЕНТ АД Скопје собира податоци за навигација (види подолу) кои се користат за анализирањето на податоците од посетите на интернет страната како и за одржување на информациска сигурност на истата. Повеќе за употребата на колачиња прочитајте ја политика за користење на колачиња на ВФП ФОНД МЕНАЏМЕНТ АД Скопје.
- Физички лица – корисници на нашите услуги и производи (клиенти). ВФП ФОНД МЕНАЏМЕНТ АД Скопје обработува лични податоци кои се неопходни за воспоставување и одржување на деловен однос со клиентите, за постапување по нивни барања, апликации, поплаки, како и за потребите на законските обврски што произлегуваат од регулативата во областа на инвестирањето во инвестициски фондови. Обработката на податоците е задолжителна и неопходна заради обезбедување на пристап до нашите услуги, како и заради законито управување со инвестициските фондови. Главен извор на лични податоци се информациите што клиентите доброволно ги доставуваат при поднесување на барање за купување и откуп на удели во фондовите со кои управува ВФП ФОНД МЕНАЏМЕНТ АД Скопје, апликација за регистрирање/ажурирање на клиентот, во физичка форма или преку мобилната апликација WVP mFunds, а во согласност со важечките прописи. Физичките лица кои пристапуваат во некој од фондовите со кои управува ВФП ФОНД МЕНАЏМЕНТ АД Скопје, доставуваат податоци за својот идентитет, финансиски информации и други лични податоци неопходни за обработка и извршување на барањето. Во одредени случаи, може да се обработуваат и податоци на други лица чии информации се содржани во барањето, секогаш согласно закон. ВФП Фонд Менаџмент АД Скопје ги користи овие податоци единствено за цели поврзани со управувањето на фондовите и обезбедувањето на услуги за клиентите, при што секогаш се постапува согласно начелата за законита, правична и транспарентна обработка на личните податоци, утврдени во Законот за заштита на личните податоци.
- лицата кои поднесуваат известувања и барања до ВФП ФОНД МЕНАЏМЕНТ АД Скопје, по различни основи дефинирани во позитивните прописи кои ја обработуваат проблематиката за заштита на обработката на личните податоци.
- лични податоци кои се однесуваат на (или кои се поврзани со) процеси на регрутација на човечки ресурси кои се спроведуваат или може да се спроведуваат од страна на ВФП ФОНД МЕНАЏМЕНТ АД Скопје.
- Категории на податоци кои се обработуваат
3.1. Податоци кои се обработуваат во рамки на деловниот однос со клиентите
Во рамки на своето работење, ВФП Фонд Менаџмент АД Скопје прибира и обработува лични податоци потребни за воспоставување, водење и одржување на деловниот однос со клиентите. Овие податоци се неопходни за да се обезбеди пристап до услугите на ВФП ФОНД МЕНАЏМЕНТ АД Скопје, како и за исполнување на законските обврски што произлегуваат од регулативата за инвестирање во отворени и затворени инвестициски фондови.
Категориите на податоци кои можат да се обработуваат вклучуваат:
- Идентификациски податоци: име и презиме, датум и место на раѓање, единствен матичен број, број и важност на документ за идентификација (лична карта или пасош);
- Контакт информации: адреса на живеење или престој, телефонски број и електронска пошта;
- Податоци поврзани со вложувањето: број на удели во фондовите, трансакции поврзани со вложувањето, барања за уплати и исплати;
- Финансиски и професионални информации: податоци кои се релевантни за оценка на профилот на инвеститор (вклучувајќи вработување, извор на средства и стекнат имот и брачна состојба, професија, редовни и дополнителни примања и податоци за работодавач, согласно барањата на законската регулатива за спречување перење пари и финансирање тероризам);
- Податоци за комуникација со ВФП ФОНД МЕНАЏМЕНТ АД Скопје: апликации, жалби, поплаки, пофалби, барања и електронска комуникација преку дигитални канали или мобилната апликација WVP mFunds;
- Технички и лог податоци (кога се користи мобилната апликација WVP mFunds или интернет-страницата): IP адреса, уред и прелистувач, време и начин на пристап, информации за автентикација и безбедност.
Сите лични податоци се обработуваат исклучиво за потребите на инвестициските услуги, во согласност со Законот за заштита на личните податоци и подзаконските акти, при што се применуваат највисоки технички и организациски стандарди за заштита на приватноста.
3.2 Податоци за навигација
При посетата на интернет страната на ВФП ФОНД МЕНАЏМЕНТ АД Скопје за секој посетител се креираат логови со следниве податоци:
- интернет протокол (IP) адреса;
- уредот од кој се пристапува, вид и модел;
- оперативен систем;
- видот на пребарувачот, plugins и верзија;
- страните кои се посетуваат на интернет страната и времето кое се минува на секоја страна;
- URL на страната која ве префрлила на интернет страната на ВФП ФОНД МЕНАЏМЕНТ АД Скопје и во некои случаи, термините кои сте ги користеле во обидот да ја најдете интернет страната на Контролот;
- јазикот на пребарувачот кој се користи;
- држава (се одредува преку IP адресата).
3.3. Податоци кои корисниците доброволно ги доставуваат
- Лични податоци кои ги прибираме од посетата на интернет страната на ВФП ФОНД МЕНАЏМЕНТ АД Скопје, се оние кои посетителите доброволно ги доставуваат за конкретни цели, како би се овозможило оствраување на правата и обврските на ВФП ФОНД МЕНАЏМЕНТ АД Скопје.
- Може да собереме некој од следниве категории на лични податоци: (1) име и презиме, (2) адреса, (3) контакт телефон, , (4) email.
- Поединци можат до ВФП Фонд Менаџмент АД Скопје односно на објавените е-mail адреси на веб-страницата www.wvpfondovi.mk. да испратат електронска порака. Во овој случај, доброволно одлучувате кои лични податоци сакате да ни ги доверите. ВФП Фонд Менаџмент понатаму ќе го обработи вашиот e-mail и вашата електронска порака во согласност со содржината на вашата електронска порака и земајќи ги предвид видот и природата на меѓусебните односи.
3.4 Податоци во врска со жалби, поплаки и пофалби
Кога клиентите или други лица се обраќаат до ВФП Фонд Менаџмент АД Скопје за да изразат задоволство, да достават поплака или да поднесат жалба, Друштвото може да обработува лични податоци поврзани со таквото обраќање.
Овие податоци може да опфатат:
- основни информации за идентификација (име и презиме),
- податоци за контакт (адреса, телефон, е-пошта),
- содржина на жалбата, поплаката или пофалбата (опис на настанот или околностите, приложени документи и други релевантни материјали),
- лични податоци кои се однесуваат и на трети лица спомнати во самото обраќање.
Собраните податоци се користат единствено за разгледување и обработка на жалбите, поплаките и пофалбите, со почитување на принципите на законитост, фер постапување и доверливост, согласно Законот за заштита на личните податоци.
- Како ги собираме личните податоци
Личните податоци можат да бидат собрани преку повеќе канали и форми на комуникација со нашето Друштво, и тоа:
- при користење на нашата официјална веб-страница www.wvpfondovi.mk,
- преку мобилната апликација WVP mFunds, вклучително и формите за електронска регистрација и поднесување на барања,
- преку електронска пошта: info@wvpfondovi.mk, contact@wvpfondovi.mk,
- преку поштенски пратки или лично поднесени барања во нашите деловни простории,
- телефонска комуникација или други форми на директен контакт со нашите вработени.
Во сите случаи, податоците се прибираат исклучиво за конкретните цели за кои се доставени, во согласност со законските прописи и принципите на безбедна и транспарентна обработка на личните податоци.
- Категориите наобработувачи на лични податоци
- Активностите на обработка на лични податоци поврзани со услугите кои ги нуди ВФП ФОНД МЕНАЏМЕНТ АД Скопје, се извршуваат од страна на вработените одговорни за овие услуги или лицата задолжени за извршување на предметните активности.
- Не споделуваме ваши лични податоци за Вас и вашата посета на интернет страната на ВФП ФОНД МЕНАЏМЕНТ АД Скопје, на трети лица, освен во следните случаи:
- во случај на ангажирање на обработувачи со што ќе бидат обврзани да постапуваат по упатствата на ВФП ФОНД МЕНАЏМЕНТ АД Скопје и позитивните прописи од областа на личните податоци и обезбедат заштита на личните податоци кои се обработуваат при обезбедувањето на тие услуги.
- по барање на суд, полиција или други органи и тела за вршење на нивните надлежности и само ако постои законски основ за тоа
- Време на чување на собраните податоци
Личните податоци што ги прибира ВФП Фонд Менаџмент АД Скопје се чуваат само онолку долго колку што е потребно за исполнување на целите за кои биле собрани, или колку што тоа е пропишано со закон. Рокот на задржување секогаш зависи од природата на податоците и од причината поради која тие се обработуваат.
На пример, доколку податоците се обработуваат заради одговор на прашање, барање или користење на одредена услуга, тие се чуваат сè додека постои активен однос или потреба за обезбедување на таа услуга. Кога ќе престане целта за обработка, податоците се бришат, уништуваат или анонимизираат на начин што не дозволува повторна идентификација.
Доколку обработката е задолжителна врз основа на закон, времетраењето на чувањето е однапред определено со соодветниот пропис. Така, на пример, документацијата за вложувањата и клиентските досиеја се чуваат најмалку десет години по завршувањето на деловниот однос, согласно Законот за спречување перење пари и финансирање на тероризам.
Во случај обработката да се врши врз основа на дадена согласност, а таа подоцна биде повлечена, податоците веднаш ќе бидат избришани, освен ако постои друг правен основ или законска обврска за нивно задржување.
Прегледот на роковите за чување на различни категории на лични податоци е дел од интерната документација за заштита на личните податоци на Друштвото. Како субјект на податоци, секогаш имате право да побарате информации за тоа дали и кои лични податоци се обработуваат за Вас, како и за периодот во кој тие се чуваат, или за критериумите според кои тој период е определен.
- Како ги обработуваме Вашите лични податоци?
Личните податоци што ги собираме преку нашата веб-страница, мобилната апликација WVP mFunds или преку други канали на комуникација ги обработуваме само кога постои јасна законска основа и оправдана цел. Обработката секогаш се врши врз основа на еден од следниве правни основи:
- Согласност – Во ситуации кога за одредена обработка е потребна Ваша изречна согласност, истата ќе биде побарана однапред и податоците ќе се користат само за таа конкретна цел. На пример, согласност може да се бара за да Ви испраќаме информации за нови фондови, промотивни понуди или известувања преку електронски канали. Секогаш имате право да ја повлечете дадената согласност, со што веднаш престануваме со таа обработка.
- Договор – Одредени обработувања се неопходни за склучување и извршување на договори со нашите клиенти, како што се Договор за вложување во отворен инвестициски фонд, барање за уплати или еднократни инвестиции, или пак активности што претходат на склучувањето на таков договор (подготовка за разговор за продажба и преглед на претходни вложувања ).
- Законска обврска – Во повеќе случаи имаме обврска утврдена со закон да обработуваме лични податоци. Такви примери се обврските од областа на спречување перење пари и финансирање тероризам, водење евиденции за инвеститорите или исполнување на барања од страна на надлежни регулаторни институции.
- Легитимен интерес – Обработката може да се врши и врз основа на наш легитимен интерес, но само кога тој не е во судир со Вашите права и слободи. Примери за легитимен интерес се: подобрување на услугите и содржините на нашата веб-страница и мобилна апликација преку анализа на нивната употреба; унапредување на начинот на комуникација со инвеститорите; или воспоставување мерки за безбедност во деловните простории на Друштвото, вклучително и системи за видео надзор, секогаш во согласност со закон.
- Пренос на лични податоци
Одредени лични податоци можат да бидат пренесени и обработувани во рамки на Европската Унија (ЕУ) и Европскиот економски простор (ЕЕП), при што секогаш се применуваат соодветни механизми за заштита во согласност со прописите за заштита на личните податоци и обврските кон Агенцијата за заштита на личните податоци.
Во случај да се јави потребаза пренос на лични податоци кон држави кои не се членки на ЕУ или ЕЕП, ВФП Фонд Менаџмент АД Скопје обезбедува усогласеност со законската рамка преку примена на дополнителни заштитни мерки (стандарден договор, технички мерки за енкрипција, ограничен пристап и др.), секогаш со цел заштита на правата и слободите на субјектите на податоци.
9.Кои сеправата на физичките лица?
- Правата на физичките лица, во однос на обработката на нивните лични податоци се:
- право да бидат информирани за обработката на личните податоци,
- право на пристап до личните податоци,
- право на исправка и бришење на личните податоци,
- право на ограничување на обработката на личните податоци,
- право на приговор
2.За дополнителни информации и/или остварување на Вашите права за заштита на лични податоци, можете да го контактирате Офицер за заштита на лични податоци Марко Трајановски на следниов e-mail: marko.trajanovski@wvpfondovi.mk или преку телефонските броеви 02 328 0082
10.Право на поднесување на барање до АЗЛП
- Ако постојат основи на сомнение дека начинот на кој Контролот ги обработува лични податоци ги повредува одредбите на Законот за заштита на личните податоци, лицата може да поднесат барање до Агенцијата за заштита на личните податоци како надзорно тело, по која ќе се постапува на ист начин како и секое друго поднесено барање, согласно одредбите од Законот за заштита на личните податоци и подзаконските акти на Агецијата за заштита на личните податоци.
11.Промена на политиката за приватност
- Политиката за приватност редовно ќе се менува и дополнува соодветно на настанатите промени и активностите на ВФП ФОНД МЕНАЏМЕНТ АД Скопје.
12.Поставување на политиката за приватност
- Оваа Политика за приватност ќе се постави на официјалната интернет страна на ВФП ФОНД МЕНАЏМЕНТ АД Скопје.
Информации за обработка на лични податоци WVP mFunds
Приговор на обработка на лични податоци
БАРАЊЕ ЗА ИСПРАВКА ИЛИ ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ
Барање за ограничување на обработка на лични податоци
Барање за потврда и пристап до личните податоци
Приговор за обработка на лични податоци за дигитален маркетинг
