Инвестициските фондови претставуваат одлична можност за вложување на Вашите парични средства, каде што Вие како инвеститор ги доверувате своите пари на специјализирани институции – Друштва за управување со инвестициски фондови.

Фондовите претставуваат колективно вложување т.е. професионална управувана форма на инвестирање, која се заснова со цел здружување на Вашите средствата и средствата на преостанатите инвеститори, кои потоа се вложуваат на пазарот на капитал.

Во Република Македонија областа на инвестициските фондови е регулирана со Законот за инвестициски фондови, Законот за хартии од вредност, Законот за трговски друштва и Законот за девизно работење.

Отворените инвестициски фондови поради нискиот праг на минимални уплати се достапни и наменети и за инвеститори со помали парични средства.

Инвестициските фондови Ви овозможуваат на Вам, како мали инвеститори, да ги искористите сите придобивки од инвестирањето во различни држави, сектори, валути и инструменти што им се достапни на луѓето во светот.

Вие како потенцијален инвеститор преку уплаќање на парични средства стекнувате сопственост над удели во одбраниот фонд.

Вашите средства и средствата на преостанатите инвеститори се одвоени од средствата на Друштвото што управува со Фондот. Односно, Фондот е во сопственост на имателите на удели.

Вредноста на уделот секојдневно варира и исклучиво зависи од промената на вредноста (цената) на хартиите од вредност што се наоѓаат во портфолиото на Фондот. По закон, секојдневно се вреднува уделот со цел обезбедување транспарентност и ликвидност пред инвеститорите, со што Вие имате можност онлајн во секое време да ја следите состојбата на Вашите средства.

Вие како сопственици на удели имате право на сразмерен дел од добивката на Фондот, како и во секое време да побарате исплата на уделот и на тој начин да истапите од Фондот. Друштвото е должно да изврши исплата на средствата за откупените удели од фондот најдоцна 7 (седум) календарски дена по приемот на Барањето за откуп. Практиката на Друштвото е исплатата на средства по прием на Барањето за откуп да го изврши следниот работен ден.

Во светот се познати 4 вида фондови според поделбата по вид на инструменти во кои генерално се инвестирани парите на инвеститорите: акциски, обврзнички, парични и балансирани фондови.

Дознајте како средствата се инвестираат во секој од овие типови фондови:

Сакате да дознаете повеќе за светот на инвестирањето?